19 Декември, 2025
0.0906

Трговската размена во јануари поголема за 7,1%

Објавено во: Економија 05 Март, 2013 12:51

Добивај вести на Viber

Обемот на трговска размена во јануари изнезува 802,8 милиони долари и е за 7,1% поголема споредено со истиот месец 2012 година, покажуваат податоците од Државвниот завод за статистика. Според податоците на Заводот, извозот во јануари, споредено со истиот меец лани пораснал за 11,9% и изнесува вкупно 305,6 милион долари, додека увозот пораснал за 4,3% и изнесува 497,2 милиони долари, при што покриеноста на увоз со извоз изнесува 61,5%. Трговскиот дефицит изнесува 191,5 милиони долари. Споредено со претходниот месец, извозот бележи пад од 11,4%, додека увозот, во јануари, споредено со декември 2012 година е помал за 15,4%, покажуваат статистичките податоци. Обемот на трговска размена во јануари, споредено со декември пак е помал за 14,1% Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричнатаенергија. Најголем дел од македонскит извоз во јануари отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27 (70.4%) и на земјите од Западен Балкан (19.0%). И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.9%), како и Заедницата на независни држави (13.7%). Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и Србија (49% од вкупната надворешно-трговска размена)  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар