Трговски центри на духови, руинирани дуќани и по некој фризерски салон!
Објавено во: Македонија 12 Април, 2013 08:48
Дел од просториите се издадени под закуп, дел зјаат празни бидејќи сопствениците речиси и да се откажале од идејата да ги издадат, а на прсти се бројат дуќаните кои работат. И овие трговски центри се наоѓаат на атрактивни локации, па дури и во близина на дел од новите молови. Проблемот не е локацијата, коментираат експертите, туку причината за пропаѓањето на овие трговски центри ја лоцираат дел во државата, а дел во променетите на потребите на луѓето.
- Ние многу лутаме во тој концепт и многу брзо поминуваме на новите трендови, а старото не го одржуваме и го оставаме. Од една страна, се враќаме на минатото со фасади и стилови, а, од друга страна, старите објекти не ги испочитувавме и веднаш прифативме нешто ново. Ако збориме како стојат сега потребите на луѓето, тие сакаат на едно место да најдат сè. Но, ние не направивме ништо за да ги заживееме старите трговски центри. Ретко кој сега сака да шета во трговски каде што од сите страни дува ветер и просторот не се одржува хигиенски. Тие треба да бидат од затворен тип - вели Никола Велковски, поранешен градски архитект.
Според архитектот Велковски, големо влијание за пропаѓањето на старите трговски центри, има и недефинираното сопствеништво, непланската изградба, поточно отсуството на сопствен паркинг простор, услов што повеќето од овие стари трговски центри го немаат исполнето.
-Прво нема концепт на сопствеништво, никаде во светот не се продаваат поединечно просториите. Јас порано бев директор на ГТЦ и имав концепт тој трговски да биде од затворен тип и климатизиран и да биде простор со кој ќе стопанисува еден, а не група граѓани. Културата на заедничко функционирање кај нас не постои. Кога има еден сопственик, се знае како ќе функционира и тој е одговорен за тоа. Тоа е главната причина за нивното пропаѓање- објаснува Велковски.
Сепак во целата работа, дополнително свој удел има и економска криза, што според дел од бизнисмените е главната причина за пропаѓањето на центрите изградени во 90-тите години. Истражувањата на терен покажале дека, сега скопјани имаат потреба од големи затворени трговски центри.
- Тоа го бара економијата, тоа го бараат граѓаните. Од времето кога се градени тие трговски центри досега драстично се промени куповната свест на луѓето. Тие сакаат да потрошат пари за нешто што нив им се допаѓа и сакаат таква понуда. Анализите на ниво на цела Македонија покажуваат дека нема презаситеност, штом има инвестиции во овој сектор значи нема криза, има купувачи. Никој инвеститор што вложува милиони евра на одреден пазар не го прави тоа без претходна добра анализа на потрошувачките навики на граѓаните.Проблемот кај трговските што не функционираат мислам дека е лошиот менаџмент, тоа се приватни инвеститори и треба тие да ја понесат одговорноста. - вели Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори.
Архитектите посочуваат дека веќе е предоцна за било што да се направи со старите трговски центри трговски центри. Вака како што се поставени работите, нема кој да понесе одговорност за нивното пропаѓање, а логично би било да ја понесат тие што планирале просторот и што давале дозволи за градба, сметаат архитектите. Проценките на експертите се дека дури и киријата на просториите во да биде минимална не би ги заживеал овие трговски центри, од причина што луѓето веќе одамна ја изгубиле навиката да шетаат и пазаруваат во нив, а од друга страна намалена е и куповната моќ.
Дали трговските центри се исплатлива инвестиција?
Инвестициите во трговските центри вредат неколку стотици милиони евра. Така само изградбата на Скопје Сити Мол чинеше над 100 милиони евра, а изградбата на трговскиот центар во Аеродром што го гради бизнисменот Ајдован Адемовски чини 55 милиони евра. Само последните неколку години во време на економска криза и речиси најниска куповна моќ во Европа, во Скопје се изградија неколку големи трговски центри како Рамстор, Соравија, Зебра , Сити Галери, Веро, Лумикс. Упатените во бизнисот велат дека и постоечките трговски центри не работат со полн капацитет, но цените за изнајмување на простор не се драстично намалени. Дури и во дел од поновите трговски центри речиси секојдневно се затвораат дуќаните и поголем дел од просторот е празен. Но сепак според бизнисмените, никој инвеститор кој вложува милиони евра на одреден пазар, не го прави тоа без претходна добра анализа на потрошувачките навики на граѓаните.
-Нема да има крах на овој бизнис затоа што инвеститорите веќе носат регионални претставници на светските брендови и целат кон регионални купувачи.Е, сега, кризата може да предизвика застој, но не и крах. Значи ако не дојде за пет години очекуваниот профит може да дојде за десет, но сепак ќе дојде, вели Кочан
Сепак дел од потенцијалните инвеститори и покрај најавите одлучија да почекаат со инвестицициите, како што е примерот со инвеститорите “Газит глоуб”, кои требаше да градат трговски центар на локацијата кај поранешна Алумина, но и Меркатор кој требаше да гради супермаркет во близина на спортската сала Борис Трајковски.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот





