19 Декември, 2025
0.0453

ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ И ДОЛАРОТ ВЛИЈААТ НА ЦЕНИТЕ: Колку чини барел нафта?

Објавено во: Економија 01 Јули, 2025 18:05

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата се близу 67 долари, a инвеститорите чекаат реакција од ОПЕК+. 

Цените денеска на меѓународните пазари се задржаа близу 67 долари, во очекување на состанокот на водечките производители и сигнали дека тие би можеле да ја зголемат понудата на крајот од летото.

На лондонскиот пазар, попладне, цената на барел за испорака во септември беше речиси иста како и на вчерашното затворање на тргувањето, на 66,91 долари. Тргувањето со барели за испорака во август вчера заврши на 67,61 долари.

На американскиот пазар, денеска со барел нафта се тргуваше за 30 центи повисоко, на 65,41 долари.

Очекувања од состанокот на ОПЕК+

Вниманието на трговците се префрли на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници откако стивна загриженоста за понудата од Блискиот Исток.

„Се очекува ОПЕК+ да ја продолжи својата одлука за зголемување на понудата за 411.000 барели дневно до август“, изјави Оле Хансен од Саксо банка, повикувајќи се на изјавите на четири неименувани делегати во групата минатиот петок.

Доколку продолжи со ова темпо, групата би ја зголемила понудата за вкупно 1,78 милиони барели дневно оваа година, што одговара на повеќе од 1,5 проценти од глобалната побарувачка.

Трговските односи и движењата на доларот влијаат на цените

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави царина од 10 проценти за увоз од земји ширум светот на почетокот на април и сигнализираше „реципрочни“ царини за трговските партнери кои континуирано бележат суфицит во трговијата со САД.

Трамп постави рок од 90 дена за преговори, кој истекува следната недела, но во меѓувреме посочи дека може повторно да го продолжи.

Цените на нафтата денес беа поддржани и од послабиот долар, бидејќи тоа значи поголема куповна моќ за инвеститорите со други валути, а со тоа и посилна побарувачка.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар