Трговските синџири го убиваат домашниот производител
Објавено во: Балкан 22 Април, 2013 11:45
Од „Произведено во Бугарија“ се пожалија на нелојалната пракса и картелските договори.
Поврзаноста на луѓето од извршната власт со монополски структури во секторот прехрана, картелните договори меѓу големите sinxiri на нелојални трговски, е пракса која резултира со тоа едвај седум отсто од бугарските прозводи да се најдат во некои до најголемите продавници за храна. На тоа се жалат производителите на домашни стоки, кои произведуваат под сојзот „Произведено во Бугарија“.
При настап на БТВ, претседателот на сојузот Пламен Грозданов подвлече дека „условите за нашите производители не се еднакви со оние на странските конкуренти при потпишување на договори со продавниците за храна“.
Ако, на пример, од бугарскиот производител се бара да направи отстапка од 45-47,5 отсто, odnosno да се откаже од заработувачката, притисокот кон странските фирми е неколку пати помал. Овој проблем не е голем само Бугарија, туку со него се занимава и Европската Комисија. „Така пропаѓаат нашите производители, затоа што масовно им се одзема заработувачката“, истакна Грозданов.
Според неговите зборови, синџири имаат право да бараат да се конкуренти со цените, но пристапот не им е исправен. Наместо да намалат процент од својата заработувачка, тие инсистираат на намалување од заработувачката на производителите. „Како резултат на тоа, увезуваме 90 проценти од месото, 90 отсто од овошјето и зеленчуците се исто така од увоз, јадеме полски и француски домати, и тн.“, додаде претставник на месните производители.
Од друга страна, со обратна теза настапи Јордан Матеев - директор на Здружението за модерна трговија. Тој објасни дека кај нас работат 15 национални и 20 регионални ланци за прехрана, и дека сите држат едвај 1/3 од пазарот.
„Затоа темата монопол е неиздражана. Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе по 3 годишната провера - монополи во секторот прехрана нема, има во производството. Секој бугарски прозводител може да им ги понуди своите производи на помали продавници, зашто големите ланци си конкурирааат, а тоа нема како да се промени“, посочи Матеев.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





