05 Декември, 2025
0.0737

Трговските тајкуни во битка за имотот на Славија: сите чекаат да падне цената!

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2013 08:15

Добивај вести на Viber

Славија повторно ќе се продава,  но под истите услови како и при првата берзанска аукција на која не се јави ниту еден купувач. Во Агенцијата за управување со одземен имот, за Фактор велат дека од Антикорупциската комисија зависело кога ќе се закаже втора продажба оти се ближи изборна кампања, период во кој е забранета продажба на државен имот Соња Јованова Наумовска По неуспешниот обид за продажба на целиот пакет акции на Славија, Агенцијата за управување на одземен имот повторно ќе се обиде да го отуѓи трговскиот ланец под исти услови како и при првиот неуспешен обид. Јасно е дека цената нема да се намалува, ќе се понудат 4.285 обични акции, во пакет,  по принципот се или ништо и по почетна цена од 7,3 милиони евра. „Согласно Законот за тргување со хартии од вредност, Славија мора да се понуди пак на продажба, но нема шанси за промена на условите затоа што веќе е утврдена нејзината вредност. Славија ќе се нуди под иста цена се додека не се најде купувач“, објаснуваат во Агенцијата Иако неколку домашни трговски ланци, меѓу кои се споменуваше и името на Тинекс, беа сериозно заинтересирани за Славија, сепак на берзанската аукција која траеше три дена никој не даде понуда, најверојатно надевајќи се да се намали цената на акциите на следните продажби. Во Агенцијата пак, претпоставуваат дека краткиот рок во кој бил објавен проспектот за продажба, е причината зошто немало заинтересирани купувачи. Кога ќе се одржи следната берзанска аукција е се уште непознато иако најверојатно ќе се чека да поминат локалните избори, затоа што во изборна кампања, не смее да се продава државен имот.. Висока цена или долгови- зошто нема интерес за Славија? Славија располага со деловен простор со вкупна површина од 31 илјади метри квадратни, а само лани компанијата остварила 1,2 милиони евра приходи од наем. Всушност и во последните две децении,  најголем дел од приходите или над 99 отсто, Славија го остварувала од наеми, а во последните три години компанијата бележи постојан пораст во приходите остварени од издавање на деловен простор. Очекувањата се дека и во иднина приходите од продажба просечно ќе растат со стапка од 2,5 отсто до 3 отсто годишно, што ја прави компанијата атрактивна за инвеститорите Една од причините зошто нема интерес за Славија е фактот што освен акциите, новиот инвеститор ќе мора и да ги подмири обврските од 14 милиони евра признаени во стечајот.  Потенцијалниот купувач на „Славија“ќе мора да ги плати долговите на фирмата и да ги исплати заостанатите плати на 38 вработени. Најголем е долгот кон поранешните вработени во вредност од 3,6 милиони евра. Речиси 2,6 милиони евра изнесува долгот кон добавувачи а 1,4 милиони евра е долгот кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Останатото се неподмирени обврски по однос на судски спорови и тековни обврски. Најголеми корисници на деловен простор, според остварени годишни приходи од закупнини во 2010 и 2011 година се Тинекс Маркети, АВТ Интернационал,Тедико Супер, Кам Доел, Телесмарт Телеком, Харт Пром и Кимби.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?