19 Декември, 2025
0.0393

Три банки од земјава ќе може да примаат налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари

Објавено во: Економија 28 Март, 2016 15:56

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија им даде согласност на Комерцијална банка АД Скопје , НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, сите три овластени банки за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга.

Тие ќе можат да вршат прием на пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе можат да се приклучат на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

Тоа значи дека досега вкупно шест од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк.

Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на "Албсиг" АД Скопје му даде одобрение да издаде трета емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 50.000 обични акции во вкупна вредност од 500.000 евра.

Третата емисија е наменета за познат купувач- единствениот акционер Алб –Сигурацион  АД Тирана.Со третата емисија на акции, "Албсиг"АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем, даден од страна на единствениот акционер на друштвото во нови влогови, во согласност со законската регулатива.КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник, а обнови две дозволи за работење на брокер и една за инвестициски советник.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар