ТРИ ГОДИНИ ПОТОА: Сите се сеќаваат на насилствата, организаторите се уште не ги стигнала правдата
Објавено во: Македонија 27 Април, 2020
Три години од инцидентот кој се случи во Собранието на 27 април, 2017 година, или добропознатиот Крвав четврток.
Споедлувајќи фотографии, тогашнте пратеници, кои сега се претставници на власта во земјава, се сеќаваат на немилиот настан, со желба никогаш да не се повтори.
„Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава. На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владејачка партија, кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции. Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот. Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата“, пишува премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
Денес, потенцира тој, сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации нa некои од членовите на Собранието.
„За да не се случи голема трагедија и најлошото, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците, храброста на поединците и силниот порив кај секој од нив безумието да заврши без трагични последици“, нагласува премиерот.
Застапниците на слободата и демократијата сепак победија, вели тој, а некогаш заробената држава денеска е членка на НАТО и земја која ги отпочнува преговорите за членство во ЕУ.
И лидерот на СДСМ Зоран Заев се потсетува на тој датум пред три години.
„Поминаа три години од крвавиот четврток - 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!“, напиша Заев.
Министерката за правда Рената Дескоска се потсетува со зборовите „27 април 2017 - денот кога го видовме најгрдото лице на режимот...“.
Александар Кирцовски, пратеник и поранешен генерален секретар на СДСМ објави со зборовите - „никогаш повеќе (и) нема да се повтори!“
„Затоа што заедно со вас, драги граѓани, храбро и одважно, пркосејќи на сите предизвици, од режимска земја направивме држава за пример и фактор на стабилност во регионот. Од држава на раб на амбис, денес сме земја со светла и убава иднина, со јасна перспектива! Нашата Македонија, после само три години од "крвавиот четврток" е горда земја, членка на НАТО алијансата и на сам почеток на преговорите со ЕУ. Со болка во душата од сеќавањата на немилиот настан, но и со гордост и радост поради успесите, срдечно ве поздравувам и ви честитам за се што, стоејќи рамо до рамо, заедно постигнавме!“, вели Кирацовски.
За настаните од 27 април се испишаа бројни новинарски текстови, се сними и документарен филм. Досието 27 април уште не е затворено, иако некои од учесниците добија затворски казни, сепак, се уште не се осудени организаторите на тие насилства, а јавноста беше сведок дека дел од учесниците беа амнестирани. Се зборуваше дека дури добиле и државни тендери, а шпекулациите беа дека тоа се случи во замена за поддршка на уставните промени во Собранието.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.