26 Ноември, 2024
0.0302

Три министерства со нова тура огласи - се бараат советници, раководители и помошници

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерствата за финансии, за труд и социјална политика, како и тоа за економија изминатат недела објавија огласи за десетици нови вработување. Додека се бара решение за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и префрлување на вработени во приватниот сектор, или нивно задолжително пензионирање, новите вработувања не запираат. Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции.

Министерството за труд и социјална политика во петокот објави оглас за вработување на 10 позиции, од кои шест се за советници - за јавни набавки, за веб-администрирање, за меѓународни прописи и за нормативни работи, за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и за брак и семејство, а платата е 26.540 денари. За останатите четири места платите се помали а станува збор за благајник, референт, архивар и помлад соработник за административно-техничка поддршка.

На 2 декември Министесртвото за финансии објавило оглас за 17 позиции за соработници во Управата за имотно-правни работи, под чија надлежност се експропријациите и денационализациите. Станува збор за службеници во подрачните единици во Чаир, Велес, Куманово, Крушево, Центар, Карпош и Охрид. Се бараат и раководители и помошник-раководител на секторски одделенија за даноци и царина, четворица во секторите поврзани со ИПА-фондовите и еден кандидат за помошник во министерскиот кабинет. Платите се движат од 32.800 најголемата до 14.500 најмалите.

Министерството за финансии исто така на почетокот од месецот објавил оглас за две вработувања во Бирото за јавни набавки од кои еден за советник за ИПА програмирање и еден за советник за човечки ресурси кој треба да е Турчин. Платата и за двете позиции е 26.250 денари.

Министерството за економија вработува петмина службеници во Државниот инспекторат за техничка инспекција, од кои еден виш инспектор за нето-плата од 30.000 денари, и четворица други помлади инспектори во различни сектори за нето-приход од 22.000 денари во оглас што трае до 16 декември. 

Владата и премиерот Зоран Заев најавија во овој мандат кратење на јавната администрација за 20 проценти, со што би се зголемила продуктивноста на општеството и би се обезбедиле дополнителни финансиски средства.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија