24 Ноември, 2024
0.0269

Три нови молови се пред отворање годинава во Скопје, следуваат подобри денови за шопинг-потрошувачката

Објавено во: Економија 06 Мај, 2021

Добивај вести на Viber


Во услови на едногодишна пандемија на коронавирусот, падна личната потрошувачка на граѓаните. Според официјалните податоци ,во 2020 година граѓаните потрошиле  5,27 милијарди евра а во 2019 година финалната потрошувачка изнесувала 5,59 милијарди евра, што е за 5,6 проценти повеќе. Потрошувачката паѓа поради падот на расположливот доход на домаќинствата и негативните поместувања на пазрот на трудот. Воздржаноста од пазарење се должи на неизвесноста околу работните места и идните примања, покажува анализа на Народната банка. Сепак позитивни се очекувањата за следниот период кога со заздравувањето на економијата се очекува и раст на потрошувачката на граѓаните.

Во меѓувреме во поголемите градови се отвораат нови дуќани, во главниот град и неколку нови молови. До крајот на 2021 година се очекуваат три нови трговски центри во Скопје, со што бројката ќе се искачи на 130,000 метри квадратни дополнителен модерен простор за шопинг во главниот град.

И покрај кризата предизвикана од пандемијата, 2021 се очекува економски да биде поуспешна од 2020, што би можело истото да важи и за приватната потрошувачка. Професорката на катедрата по маркетинг на Економскиот факултет при УКИМ, Николина Паламидовска-Стерјадовска, вели дека ваквите храбри одлуки на инвеститорите се темелат на соодветни анализи, иако станува збор за релативно мал пазар.

- Иако во наредниот период ќе следи отежнато закрепнување на економијата, во случајов станува збор за бизнис одлуки донесени врз основа на анализи за поврат на инвестициите на подолг рок. Притоа и покрај релативно малиот пазар и ограничената куповна моќ на македонските купувачи, треба да се земе предвид дека и регионалниот пазар е таргет на овие компании, т.е. странските купувачи кои доаѓаат да купуваат или транзитираат низ нашата земја. Секако, успехот на овие инвестиции ќе зависи и од атрактивноста на понудените брендови, при што треба да се земат предвид и поместувањата во структурата на потрошувачката во периодот на пандемија, вели Паламидовска-Стерјадовска.

Есенва скопјани, но и граѓаните од цела држава и пошироко, ќе имаат прилика да го посетат најголемиот и убедливо најрепрезентативниот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол. Објектот интензивно се гради, а од компанијата велат дека активностите, и покрај проблемите и забавувањата кои ги наметна пандемијата, течат според планот, па инвестицијата ќе биде завршена во предвидениот рок.

„Ист Гејт Мол има територијален опсег од популација од 1,2 милиони потрошувачи кои живеат во близина на три часа возење, и според тоа, анализите покажаа дека 12 милиони домашни и странски посетители ќе го посетат центарот само во првата година и дека барем 1/3 од 6,9 милиони транзитни патници од автопатот М4, ќе застанат на попатна пауза трошејќи минимум 15 евра“, изјави неодамна извршниот директор на Ист Гејт, Игор Давков, за „Фактор“.

Добар знак за побарувачката се новите брендови кои најавуваат влез на пазарот наскоро. Скопје Ист Гејт во Автокоманда е предвидено да има нето-простор за продажба од 57,000 квадратни метри, Дајмонд Лимак во Центар најавува 47.000, додека Скај Сити Мол на Џевахир во Аеродором треба да биде 25.000.

Лимак Холдинг во својот најнов извештај најавува дека трговскиот центар и деловните простории во рамките на комплексот „Дајмонд“ треба да бидат готови со изградбата во последниот квартал од 2021 година, Трговскиот центар во рамките на „Џевахир Скај Сити“ според претходните најави треба да биде отворен во текот на оваа година.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“