18 Декември, 2025
0.0627

Три нови услуги на Контакт центарот на Агенцијата за катастар на недвижности

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2016 14:01

Добивај вести на Viber

Главна стратешка цел на Агенцијата за катастар на недвижности е задоволни граѓани, задоволни професионални корисници и подигнување на квалитетот на податоците на Катастарот.

Агенцијата за катастар на недвижности во 2014 година креираше контакт-центар кој работи на софистицирана софтверска апликација која овозможи да се создаде единствено место за контакт за граѓаните и професионалните корисници.

Контакт-центарот, од мај 2014 година заклучно до денес, има примено 48.510 повици од граѓани и професионални корисници, од кои за 24.420  повици операторите на контакт-центарот веднаш ја дале потребната информација односно услуга, за 24.090 повици отворени се 4.595 предмети за хелпдеск, 17.172 предмети за информации и 2.322 повици за статус на предмет и  сите предмети се решени во законските рокови. Бројките само се потврда за успешното работење на контакт-центарот на Катастарот.

Денес oд агенцијата промовираат три нови услуги на контакт-центарот, и тоа:

  1. Онлајн-исправка на техничка грешка
  2. Закажи состанок
  3. Модул „Кампања“

Онлајн-исправка на техничка грешка овозможува граѓаните по електронски пат, преку е-пошта info@katastar.gov.mk или преку бесплатната телефонска линија 080080800 да пријават техничка грешка на податоците во Катастарот, со што таа ќе биде разгледана и исправена, а граѓанинот ќе биде благовремено информиран.

Досега пријавувањето на техничките грешки граѓаните можеа да го направат исклучиво на шалтерите во Катастарот. Со оваа реформа ќе се овозможи заштеда на време и средства на граѓаните, од една страна, и поефикасна работа и подобрување на податоците на катастарот од друга страна.

Втората новина „Закажи состанок“ овозможува граѓаните само со еден повик на бесплатната инфо-линија 0800 80 800 да закажат состанок со раководно лице од Катастарот во точно утврдено време со кое ќе може да изврши консултации во врска со предмет од интерес на граѓанинот или стручен совет за решавање на некој имотно-правен проблем.

Досега закажувањата на состаноците со стручните лица од Катастарот, граѓаните можеа да ги направат исклучиво на шалтерите во Катастарот. Од една страна, со оваа мерка ќе се овозможи заштеда на време и средства на граѓаните и поефикасно искористување на работното време на стручните лица на Катастарот.

Третата новина, новиот модул „Кампања“ овозможува масовно информирање на клиентите за одредени теми, новости, промени итн.

Овој модул овозможува да се информира дефинирана целна група клиенти телефонски или преку е-пошта, во зависност од типот на кампањата.

Преку овој модул се овозможува масовно информирање на професионалните корисници и граѓаните за одредени новости, промени, презентирање нови сервиси, поминати рокови или продолжување рокови на одредени типови предмети или договори кои се предмет на работа во Агенцијата за катастар на недвижности.

Целта за формирање на новите сервиси и модули е граѓаните и бизнис-заедницата да ги добијат услугите од Катастарот на брз, ефикасен и економичен начин.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа