21 Јуни, 2024
0.0271

ТРИ РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА ГИРО: ПРАЗЕН 2,5 ЕВРА, СО ДОДАТОЦИ 4, А ГИ ИМА И ЗА 7 ЕВРА - ова се моменталните цени во едно познато грчко одморалиште

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Судејќи според приказните за туристите од Србија кои оваа сезона престојуваат во Ханиоти, за Грција ќе ни требаат „дебели“ паричници. Во еден ресторан за брза храна имаат дури три цени за гиро, додека цените за две лежалки и чадор се движат од 12 до 15 евра.

Пита гиро за носење е 2,50 евра, порција гиро, со класични и незаменливи додатоци (ако јадете вистински гиро): домат, цацики и помфрит - чини 4 евра, додека на редовното мени пишува дека гиро (свинско/пилешко) е 7 евра.

Има и акција за две лица: порција гиро, помфрит, пита, домат, цацики за 8 евра.

Во моментов најмногу Срби има од Лесковац, Нови Сад, Белград, а после нив најбројни се Русите.

Цената на грчкото кафе за носење се движи од 1,50 до 2 евра, додека ладното кафе е 2,50 евра (околу 300 динари). Цените на пијалоците во споменатата брза храна (пиво, вино, кафе и чај) се по 2 евра.

Водата е околу 2 евра, а газираните сокови околу 250 динари. А какви се цените на храната?

Да речеме, гириците се од 10 до 12 евра, лигњите од 8 до 10 евра, лососот на скара 15 евра...

- Цените на пиците се исти како кај нас, на пример - рекла жена од Србија.

Курир и Телеграф.рс

Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск

АКО Е ЗА НАША УТЕХА, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ И ВО СРБИЈА - образложението е исто: Повисока цена на суровината

АКО Е ЗА НАША УТЕХА, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ И ВО СРБИЈА - образложението е исто: Повисока цена на суровината

Мицкоски поднесе законски измени за да не поскапи струјата во првиот и вториот блок

Мицкоски поднесе законски измени за да не поскапи струјата во првиот и вториот блок

МИНИМУМ ИЛЈАДА ЕВРА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Рипна износот на синдикалната кошница за само еден месец, еве колкава е таа за јуни

МИНИМУМ ИЛЈАДА ЕВРА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Рипна износот на синдикалната кошница за само еден месец, еве колкава е таа за јуни

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ЗА ЈАЈЦА И ОВЕС ОД УКРАИНА - веќе е достигнат лимитот

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ЗА ЈАЈЦА И ОВЕС ОД УКРАИНА - веќе е достигнат лимитот

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ - фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ - фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар