Три земји заедно ќе развиваат вакцина
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Март, 2021
Три земји се договорија заедно да развиваат вакцина против коронавирусот.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка фондација за истражување, развој и евентуално производство на вакцини против ковид-19.
„Ќе формираме заедничка фондација за истражување и развој и ќе разговараме за можноста за заеднички инвестиции во капацитети за производство на вакцините“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху објави дека 90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина од Pfizer и BioNTech или се опоравиле од вирусот. Така, неговата земја стана лидер во вакцинацијата во светот Австрија и Данска се расправаат со Европската унија поради доцнењето во набавката на вакцините, а владата е загрижена дека ќе бидат потребни нови вакцини за новите варијанти на коронавирус. Неколку научни тимови низ целиот свет работат на развој на вакцина против коронавирусот што би се давала назално во форма на спреј. Повеќето вакцини што се користат во моментов се даваат со инјекција во рака.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.