Трибина од областа на спречување перење пари
Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2013 12:18
Синдикатот на финансиски дејности на Македонија (СФДМ) продолжува со организирање на семинари и трибини од стручен карактер. Со тоа овој синдикат уште еднаш ја истакнува својата уникатност и посветеност на потребите на работниците, и тоа не само во сферата на работните односи, туку и во низа на други области кои се од интерес на вработените во финансиските институции.
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, СФДМ организира трибина од областа на спречувањето на перење пари. Поконкретно, предмет на дискусија ќе биде третманот на деловната тајна од аспект на законските одредби содржани во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, Законот за банки и Законот за заштита на личните податоци.
Перењето пари, само по себе, пробудува интерес кај пошироката научна и стручна јавност. Се работи за една жива материја која е регулирана со меѓународни стандарди и домашна легислатива, но која постојано иницира отворени прашања на кои треба да биде даден одговор.
Во тој контекст, посебно е интересно прашањето на деловната тајна. Во ситуација кога финансиските институции се борат за секој клиент и секоја негова пара, третманот на деловната тајна креира многу дилеми и проблеми. Во оваа сфера секоја банка или штедилница мора да биде многу внимателна, инаку многу лесно може да се случи деловната тајна да се претвори во јавна тајна.
Кои дилеми најчесто се јавуваат на полето на чување на деловната тајна и размената на податоци со надлежните државни органи? Ќе бидат наведени само некои од тие дилеми:
Како да се стекне или зачува довербата на клиентот кога се знае дека по сила на закон дел од неговите лични податоци треба да бидат пренесени на државните органи? Дали треба да се врши размена на податоци само во делот на заштита од кредитниот ризик или и во делот на депозитите? Каков став да се заземе во однос на фамозната FATCA (Foreign Account Tax Compliance Act), кога се знае дека многу побогати и поразвиени национални економии од нашата се соочуваат со отворени прашања на ова поле.
Учесниците на трибината ќе се обидат да дадат одговор на овие и уште на некои други прашања. Ако се има во предвид дека во својство на учесници ќе се јават лица од праксата, односно вработени во стручните служби за спречување на перење пари во деловните банки и штедилници, повеќе од извесно е дека оваа трибина ќе ги даде очекуваните резултати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





