ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ИМАМ ИСТА ТЕЖИНА - Ирена Спировска ја открива тајната на младешкиот изглед
Објавено во: Стил 31 Јануари, 2023 21:11
- Годините треба да ги носиме со гордост, а не да ги прикриваме, е девизата на нашата позната водителка Ирена Спировска, која оваа година ќе наполни 49 години. Умереноста и здравиот живот ѝ помогнале на Ирена 30 години да ја има истата тежина.
- Никогаш не сум имала проблем со килограмите, но откако знам за себе внимавам да не претерувам со конзумирање на мрсна и висококалорична храна. Месо не јадам повеќе од една деценија, не пијам газирани сокови, избегнувам да јадам леб и пецива од бело брашно. Триесет години ја имам истата тежина. Конзумирам многу овошје и свеж зеленчук, сакам едноставни јадења кои брзо се подготвуваат и кои не бараат претерана термичка обработка на храната за да се сочува нутритивната вредност на состојките“, ни раскажа Ирена, која важи за една од најубавите и најелегантните жени од јавните личности кај нас.
- Кога чувствувам глад наместо разни грицки јадам суво и јаткасто овошје кои не само што го задоволуваат апетитот туку се и многу здрави и корисни за организмот. Благо јадам умерено и не многу често, а црното чоколадо ми е најчесто дел од дневното мени кога чувствувам потреба за благо“, ни раскажа Спировска. Последниот период, таа е ангажирана со снимањата на емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа, која ја води со колегите Адријана Алачки и Благоја Грујовски.
Повеќе детали на Женски магазин* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





