19 Декември, 2025
0.0700

Трифун Костовски: Се слушнав со Заев, но остана недоречен

Објавено во: Економија 19 Септември, 2020 21:02

Добивај вести на Viber

Трифун Костовски, сопственикот на банката во стечај Еуростандард, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, но дека тој, како што вели бизнисменот, останал недоречен.

 „Со него комуницирав, но остана недоречен. Не можам да кажам ништо ниту, позитивно ниту пак добро, но дека тој учествувал во овој заговор не сум сигурен и не можам да тврдам со ништо“, рече тој во студиото.

Костовски рече дека дел од вината за ликвидацијата сноси системот поставен од Народна банка, бидејќи како што вели бизнисменот, дозволила до сега да пропаднат 11 банки.

„Објективно ние тука ги поминуваме сите процедурални постапки пред Апелација, Управен суд, па потоа Врховен суд, па дури и Уставен суд барајќи го патот за нашата вистина. Јас не сум правник но објективно ми е јасно дека секоја институција има алатки да работи и да преземе мерки. Ако вината ја префрлуваме само на акционерите или учесниците во тие банки, а НБРМ е само егзекутор тука нешто не чини. По пропаѓање на 11 банки, треба да се впери прстот кон Народна Банка како регулаторно тело. Мерките кои ги преземам во моментов бидејќи е веќе еве 40 дена откако помина од стечајот на Еуростандард Банка, јас ги повикав и институциите на прогонот, јавното обвинителство, МВР, Антикорупциска меѓутоа се е тишина, никој не се јавува ни да ме повика на разговор, бидејќи јас стојам отворено дека виновен сум за дел меѓутоа не комплетно. Системот тука максимално потфрли, системот во името на Народна Банка“, изјави Костовски во емисијата. 

Вели дека неговата банка немала проблем со ликвидност и со извршување на своите обврска, а за паѓањето на адекватноста, кој беше  критериум за одземањето на лиценцата од страна на НБРСМ, вели дека е сосема природен процес „ако некој има намера да те уништи“. 

„Банката не привредуваше, имаше забрана за работа со правни и физички лица и затоа и одеше тешко, посебно кога стапи вонредната ситуација, при што ни се забрани да вршиме присилна наплата. Кој е тој независен орган кој што би требало да функционира во еден заеднички интегрален систем, кој што се вика држава отворен систем Народна банка, да носи одлука за стечај, кога немаме ниту Влада, ниту Собрание, а туку што сме излегле од криза“, вели Костовски. 

Според Костовски, доколку стечајот е брз и ефикасен, сите штедачи треба да бидат обештетени бидејќи банката имала недвижнини, хипотеки кои се надвор од билансот и кои што можат да влезат како готовина.

„Толку можам да гарантирам дека пари во банката има, бидејќи на денот на самото влегување кога се запечати банката имаше 27 милиони евра во кеш, готовина“, изјави Трифун. 


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии