Тријазични табли и ПР кампањи зад пишман министерот Таравари
Објавено во: Анализа 24 Септември, 2017 08:03
Министерот за здравство на одржаниот отчет за сработеното во првите и негови последни 100 дена ги наброја постигнатите успеси, но поголем дел потроши на проблемите кои се наталожени од минатите раководства. Токму затоа ако ја погледнете и веб страницата на министерството за здравство ќе видите мал број на информации за тоа што е направено откако секторот го водеше Таравари.

Еден од најголемите „успеси“ е поставувањето на тројазични табли за ориентација на државните клиники, потоа наоѓањето на гинеколог за општина Шуто Оризари и две големи ПР кампањи. Првата беше „Здраво Таравари“, односно специјална телефонска линија на која граѓаните може да стапат во директен контакт со министерот оставајќи пораки.

Вториот ПР момент беше „Добредојде бебе“ кој несфатливо беше реализиран во време кога сите сме згрозени од неверојатно високата стапка на смртност на новороденчиња и родилки во Македонија.

Таравари спроведе и смена на повеќе клиники, болници и здравствени установи со неколку несоодветни кадри кои дел беа повлечени, но за дел беше јасно и јавно кажано дека се поради партиски договори поставени. Тоа е вистинското „сработено“ на Таравари, се останато во отчетот е политика.
Секако, Таравари имаше атрактивен старт, дава впечаток на одличен политичар кој има и емотивна страна, но и шанса за посветено решавање на проблемите, но тој потенцијал беше силно пресечен со најавата за кандидатура за градоначалник на Гостивар.
Дури и неговата популарност како министер која повеќе се должи на двете ПР кампања, а не на реално решавање на проблемите во здравствот може да ја искористи и во трката за градоначалник за што како никој во моментот и да не сака да побара одговорност.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





