18 Мај, 2024
0.0264

Трикови со кои никогаш нема да сте гладни!

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Драстичното губење на килограмите бара и драстични мерки како што се контролирана диетална исхрана и физичка активност. Но она што ќе ви го откриеме не е диета ниту волшебна направа која ги топи килограмите, туку три едноставни трика со кои можете да го „убиете“ гладот.

Држењето диета бара дисциплина и доследност, но неиздржливото чувство на глад може се’ да уништи. За да успеете до самата цел, запознајте се со трите „убијци“ на гладта кои можете да ги комбинирате помеѓу оброците.

Кисели краставички  Киселите краставички не мора да бидат само прилог туку и идеално средство за „убивање“ на гладта. Оваа кисела намирница го намалува шеќерот во крвта па со самото тоа и го ублажува чувството за глад. Ако огладнете еден час пред предвидениот оброк и добиете незадржлива желба нешто да изедете, нека бидат тоа неколку кисели краставички. 2.БАДЕМИ, ОРЕВИ, ЛЕШНИЦИ Веќе споменавме дека јаткастото овошје е здрава и хранлива закуска која можете да ја употребите помеѓу оброците. Еден грст од оваа вкусна закуска моментно ќе ве засити, а во комбинација со суво овошје (суво грозје, смоква или слива) претставува одличен борец против гладта. 3.МИНЕРАЛНА ВОДА НАМЕСТО ГАЗИРАНИ СОКОВИ Иако газираните сокови исто така ја „убиваат“ гладта, тие се високо калорични и никако нема да ви помогнат ако сте на диета. Сокот заменете го со минерална вода. Таа моментно ќе ве исполни, а со тоа и ќе ве засити. Овој нискокалоричен пијалак можете да го комбинирате со претходно наведените намирници. Испијте една чаша минерална вода после закуската, и со тоа дополнително ќе го намалите гладот.