17 Декември, 2025
0.0446

ТРИЛАТЕРАЛНА КОМИСИЈА: Кои се луѓето што стојат зад најсериозните настани во Белград уште од Титовиот погреб?

Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2014 20:59

Добивај вести на Viber

Трилатералната комисја, чија Европска група се состана денеска во Белград, како и секогаш - зад затворени врати, веќе четири децении важи за еден вид на „светска влада во сенка“.

Трилатерална, што значи Америка, односно САД и Канада -Западна Европа - Јапонија, собира луѓе влијателни од светот на политиката и бизнисот.

Европската групана Трилатералната комисија има околу 180 членови. Србија во таа група има претставник од 2013 година.

Трилатералната комисја е основана во 1973 година, а основач бил Дејвид Рокфелер, со децении водечки њујоршки банкар и прв човек на Чејз Менхетен групацијата, чиј збор бил пресуден и прил избирање на членови на комисијата.

 Според некои толкувања, идејниот творец на групацијата бил Збигњев Бжежински.

На чело на  Трилатералната комисија се тројца ко-претседатели, по еден од Америка, Европа и Јапонија.

Правилата од составот на Комисијата ги исклучуваат личностите кои моментално се наоѓаат на јавни изборни функции, па во неа влегуваат личности од политичките (по правило истакнати поранешни политичари) и бизнис кригови, како и истакнати интелектуалци, најчесто универзитетски професори.

По правило, членовите на групата се лидери на водечки финансиски институции, банки, како „Goldman Saks“, Европската централна банка, ММФ, потоа големи корпорации, како и неколку поранешни претседатели, премиери, шефови на дипломатија, професори, ректори на истакнати универзитети.

Се смета дека денеска во нејзин состав се околу 400 членови.

Состаноците на Трилатералната комисија и Европскиот комитет на Трилатералната комисија, по правило се одржуваат на годишно ниво, секој пат на различно место, а извршниот комитет се состанува неколку пати годишно.

На собирот, според податоците достапни на јавноста, се разгледуваат и разработуваат теми кои ги формулира таканаречен тесен круг. Тој тесен круг или тесен прстен, го сочинуваат регионални директори и проверени членови на елитни организации во светот.

Збигњев Бжежински е американски политиколог со полско потекло, кој како геостратег и државник служел во администрацијата на Џими Картер, како советник за национална безбедност на САД, а сега е професор на Универзитетот Џонс Хопкинс и член на низа различни одбори и организации.

Претседателот на српскиот огранок на Европската група на Трилатералната комисија Јован Ковачиќ, во очи состанокот за Танјуг изјавил дека очекува добра посетеност на белградскиот собир, на кој се повикани и сите членови на српската влада и кој истакнал, ја претставуват и своевидно ја признаваат Србија.

„Тоа е еден од најсериозните собири во Белград уште од Титовиот погреб“, истакнал Ковачиќ.

Според неговите зборови, Јосип Броз Тито лично сакал да ја воведе поранешна Југославија во Трилатералната комисија, што наводно се обидувал и Слободан Милошевиќ.

Со  Трилатералната комисија, по пишувањето на некои медиуми, тесно е поврзана Билдберг групата, основа во 1954 година, своевидно тесно тело, за кое се верува дека има помеѓу 120 и 140 членови.

И претседателот Иванов присуствуваше на оваа трилатерална средба на покана на  Жан Клод Трише и српскиот премиер Aлександар Вучиќ.

Темата на која претседателот Ѓорге Иванов имаше обраќање беше Земјите од регионот и патот кон ЕУ, а детални информации од Кабинетот на претседателот и неговото обраќање нема.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни