09 Октомври, 2024
0.0411

ТРИТЕ УСЛОВИ НА НЕТАНЈАХУ ЗА МИР ВО ГАЗА: Уништување на Хамас, демилитаризација на Појасот и дерадикализација на Палестинците

Објавено во: Свет 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

ХАМАС мора да биде уништен, Газа да се демилитаризира и палестинското општество да се дерадикализира, ова се трите предуслови за мир во Појасот Газа што ги бара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во авторски текст за американскиот весник „Волстрит џурнал“, тој уште еднаш го постави уништувањето на Хамас како главна цел во конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е единствениот пропорционален одговор за да се спречи повторување на злосторствата како она направено на 7 октомври.

- САД, Велика Британија, Франција, Германија и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група. За да се постигне таа цел, мора да се уништат нејзините воени способности и да се прекине неговото политичко владеење над Газа. За тоа ќе биде потребно формирање привремена безбедносна зона во Газа и инспекциски механизам на границата меѓу Газа и Египет, кој би ги задоволил потребите на Израел и би го спречил шверцот со оружје - нагласи Нетанјаху во текст за американскиот дневен весник.

Тој додаде дека очекувањата дека палестинската управа ќе ја демилитаризира Газа е само сон.

- Палестинското граѓанско општество треба да се трансформира така што луѓето ја поддржуваат борбата против тероризмот, а не да ја финансираат - смета израелскиот премиер.


Денот зад нас беше обележан со нови судири меѓу израелските одбранбени сили (ИДФ) и палестинските милитантни групи. ИД објави дека погодила повеќе од 100 цели на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа. Мета беа шахтите на тунелите, воените локации и друга инфраструктура на Хамас. ИД забележува дека уште двајца нивни војници загинале во борбите и дека се подготвени да ја прошират копнената офанзива на југ.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека војната во Газа ќе биде долга и тешка и дека борбите ќе се водат на неколку фронтови.

- Не напаѓаат од седум различни области - Газа, Либан, Сирија, Западниот Брег, Ирак, Јемен и Иран. Дејствувавме во шест од седум од тие области, а сега најјасно ви кажувам: секој што делува против нас е потенцијална цел, никој нема да има имунитет - рече Галант на состанокот на комисијата за надворешни работи и одбрана во Кнесет.

Неколку десетици цивили, главно жени и деца, загинаа во новите израелски напади врз палестинската енклава, јави палестинската новинска агенција Вафа. Се известува дека неколку луѓе се убиени и ранети во близина на Европската болница, источно од градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, како и во бегалскиот камп во Нусејрат, недалеку од градот Газа. Агенцијата додава дека цел на израелски авиони биле Деир ел Балах, како и бегалскиот камп Ал Магази, во централниот дел на Појасот Газа. Локалните извори од градот Газа потврдија дека Ајман Наим ел Магун, член на Народноослободителниот фронт на Палестина, бил убиен во воздушни напади.

Директорот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, Том Вајт изјави за Би-Би-Си дека моментално има околу 150.000 луѓе во центарот на Газа кои добиле наредба за евакуација од израелската армија.

Палестинската Црвена полумесечина тврди дека Израел го гранатирал нивното седиште во Кан Јунис. Тие на „Икс“ објавија дека во израелскиот артилериски напад неколку лица се повредени на горните катови на зградата, каде, како што наведоа, илјадници раселени се засолниле од уништувањето на војната. Дојде до нова размена на оган меѓу израелските сили и либанскиот Хезболах.

Јапонија воведе санкции кон Хамас

Јапонија воведе санкции за тројца високи членови на Хамас и ги замрзна нивните средства, објави вчера јапонската влада. Портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши изјави дека овие лица се осомничени дека се вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и дека тие средствата ги користат за финансирање на такви терористички активности. Хајаши прецизираше дека нивните средства биле замрзнати со цел да се прекине пристапот на Хамас до изворите на средства и да се спречи протокот на средства за терористички активности.

Индиски уништувачи

Индиската морнарица ќе распореди разурнувачи со наведувани ракети во Арапското Море, откако израелски трговски брод беше погоден во близина на индискиот брег минатиот викенд. Се додава дека целта на овој потег е да се одржи континуитетот на воено одвраќање.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан