19 Јануари, 2025
0.0933

ТРИУМВИРАТ: Можат ли заедно Љубе, Стојанчо и Љубчо?

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Бошкоски и Георгиевски заедничката соработка ја започнаа како сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ, а денес ја продолжуваат заедно со генералот Ангелов. 

Брат Љубе  по парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски, беше именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК). Во тој период видна позиција во МВР имаше Стојанче Ангелов.

Историјат на тројката

Во тој период, заедно со поранешниот директор за јавна безбедност, Пане Велев, извршија серија спектакуларни упади во фирми кои резултираа со околу 200 кривични пријави.Но, Георгиевски не беше строг кон Бошкоски, напротив по оставката на Доста Димовска во 2001 тој беше назначен за министер за внатрешни работи и беше на чело на МВР за време на воениот конфликт.

Заедно со тогашниот премиер Георгиевски ја минаа војната, а во тоа време како еден од најпознатоте македонски борци беше генералот Ангелов. Како што сега самиот ќе рече, прмиерот министерот и генералот ја продолжуваат битката.

Сепак од оваа тројка единствено Бошкоски се соочи со законот. На товар му се стави и Љуботен и убиството за 10 цивили, за што по барање на судот во Хаг беше однесен во затворот Шевенинген.

Во 2004 почнуваат и неволјите за Георгиевски, кога тој по несогласувања со новиот лидер Никола Груевски, ја напушта ВМРО-ДПМНЕ и ја формира ВМРО-Народна партија. И додека Бошкоски е во затворот во Шевенинген, во 2006 година, Георгиевски доби бугарско државјанство. Но, не го заборави Братот, па во архивите може да се најдат текстови дека на 45. роденден на Бошкоски додека тој е во Хаг, ВМРО-Народна му организирала роденден во Скопје, а роденденските свеќички ги дувнал Георгиевски. Во исто време Ангелов почна да ги бие битките за бранителите поради што набрзо падна во немилост на ВМРО ДПМНЕ, особено по формирањето на „Достоинство“.

Брат Љубе се врати во Македонија, но не и во ВМРО-ДПМНЕ

По четири години минати во занданата во Хаг, Трибуналот во 2008 година го ослободи Бошкоски од обвинение и тој се врати во Македонија. Незаборавни се сцените кога тој слезе од авионот, ја бакна земјата, а потоа се изгушка со тогашниот премиер Никола Груевски кој му организираше „кралски“ дочек.Бошкоски имаше првична намера повторно да се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, но не најде заеднички јазик со Груевски, по што се дистанцираше од партијата. На Претседателските избори во 2009 година тој се кандидараше како независен кандидат и освои 146.878 гласови. По изборите на 29 мај 2009 година, ја формираше своја партија „Обединети за Македонија“.

На парламентарните избори во 2011 година и Бошкоски и Георгиевски настапија со своите партии, исто и Ангелов но излегоа губитници и не успеаја да влезат во Собранието. 

Еден ден по изборите, Бошкоски беше уапсен пред ресторанот „Воденица“ и беше обвинет, па осуден за случајот „Кампања“ за што во Идризово одлежа 5 години затвор. Во меѓувреме Георгиевски се повлече од политичката сцена и ја напиша својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера. Ангелов својата кариера како борец за правда ја продложи во земјата, но често беше и на жариштата во Ирак, каде одеше за да го прехрани семејството. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем