Тројца луѓе загинаа во сообраќајка кај Зајас
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Три лица загинаа во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај селото Зајас.
Жртвите се на возраст од 16, 19 и 46 години. До несреќата дошло откако З.З. (46) од кичевското село Колари возејќи „Форд ескорд“ удрил во задниот дел од неосветлен трактор натоварен со дрва кој го управувал 66 годишниот Џ.Ј. Поради тешки повреди на лице место загинал возачот на „Фордот“ и двајцата сопатници, 16 годишниот Х.А. и А.В. (19), додека со полесно повредени биле возачот на тракторот и неговиот сопатик А.М. (25).
Телата на починатите се предадени на обдукција. Полицијата на местото на несреќата извршила увид. Сообраќајот од 19:20 до 00:30 часот се одвивал наизменично по една коловозна лента.