05 Декември, 2025
0.1209

Тројцата насмеани, тројцата ангели што смртта ги зеде прерано: Фотографија што денеска боли

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 15:02

Добивај вести на Viber

Има фотографии што со текот на времето стануваат тежок товар за срцето.
На нив се лица што некогаш носеле живот, смеа и енергија – а денес се само спомен, објави Женски магазин.

Светлана, сопругата на покојниот фитнес тренер Мирко Петровски, ја сподели оваа фотографија со зборовите:
„Како во лош сон... душа боли, Панчо наш!“

Слика што некогаш носела позитивна енергија, денес стана симбол на три загуби – на Мирко, на Душко Чифлиганец, и на Панчо од ДНК.
Тројца луѓе што ја испишаа својата приказна со сила, добрина и хуманост, а животот неправедно ги зеде прерано.


Светлана, која веќе еднаш ја почувствува најголемата болка, овојпат повторно пишува од местото каде што зборовите не утешуваат, туку само сведочат.
Зборовите ѝ се трепет, а сликата – нем доказ дека животот понекогаш знае да биде премногу суров.

На фотографијата, пет насмевки – од нив, три веќе небесни.
Мирко, Душко и Панчо – три различни патеки што сега се споиле таму каде што нема болка, нема борба и нема разделба.

Остануваат спомените, делата и љубовта што ја ширеа додека беа тука.
А под секоја насмевка што избледува, останува тивко ехо на човечност – онаа што ја носеа во себе.

РЖМ/ИС  ФОТО: Инстаграм стори Светлана Петровски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија