19 Декември, 2025
0.0962

Тројката се врати во Атина, но веќе како квартет

Објавено во: Балкан 24 Јули, 2015 13:27

Добивај вести на Viber

Олеснување по гласањето во грчкиот парламент треба да биде одлично. Грција ги исполни своите обврски во "навремен и многу задоволителен вид", изјави портпаролот на Европската комисија. Пред тоа, парламентот во Атина усвои по втор пат во рок од една недела обемни мерки за штедење и реформи кои другите земји од еврозоната ги поставија како услов за преговори за новата спасувачка програма.

И од германското традиционално критично поставено влада дојдоа позитивни реакции. Грчкиот кабинет направи "важен нов чекор", напиша на Twitter директорот на кабинетот на Ангела Меркел Петер Алтмаиер. "Навистина не е патување, но барем е добар почеток".

Доцна во средата, по неколку часа дебати, грчките пратеници го одобрија предлогот на Владата за измени во Граѓанско постапка и за транспонирањето на Директивата за банките во грчкото законодавство.

Во својот говор од парламентарната говорница премиерот Алексис Ципрас истакна дека има уверување на грчкиот банкарски сојуз дека правилата за прогласување на стечај, кои беа усвоени во ГПК, нема да влијаат исклучиво врз живеалиштето на должниците.

По гласањето во Атина грчкиот државен министер Никос Папас објави дека владата започнува "финализирање на договорот". За жал, сепак имало раскол во владејачката партија. Прво, сепак, треба да се постигне договор со доверителите, а потоа "ќе се погрижиме и за темите во партијата".

Веќе денес се очекува да започнат преговорите за новата тригодишна програма на ESM во вредност до 86 милијарди евра. Ова ќе биде трет спасувачки пакет за Атина, но првиот под покровителство на постојан механизам за стабилност. Грчките медиуми објавија дека експертите на доверителите се очекуваат во петок во Атина. Досегашната "Тројка" од претставници на Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка сега сепак станува квартет и се дополнува со претставник на Европскиот механизам за стабилност. На овој начин терминот "Тројка" конечно е историја - и без тоа сега ЕУ, ММФ и ЕЦБ по барање на грчката влада се нарекуваат "институции".

Кои се роковите

Атина се стреми да постигне договор до 20 август, тврди грчки владин претставник за Ројтерс. Тоа сепак би било премногу доцна - најдоцна во овој ден треба да де раздолжат 3,2 милијарди евра кон ЕЦБ. Според аналитичарите т. Нар. "Memorandum of Understanding" - односно договорот за спасувачкиот пакет, треба да биде договорен најдоцна до 7 август. Од 10 до 16 август на ред се "националните процедури", односно одобрение од членките на еврозоната. До 18 август најдоцна тие мора да бидат одобрени од страна на сите држави.

Економијата се урива

За Грција ситуацијата се влошува секој ден. Грчкиот економски институт IOBE очекува оваа година контракција на економијата. Падот ќе е меѓу 2,0 и 2,5 отсто, а економијата ќе биде во рецесија барем две години. Претходно организацијата очекуваше раст од 1 отсто. Како причина за промената на очекувањето IOBE укажа на фактот дека донесената капитална контрола влијаела негативно на потрошувачката, инвестициите и извозот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација