„Тројката“ стигна во Атина-ќе се отпише ли грчкиот долг?
Објавено во: Балкан, Економија 09 Март, 2016 16:16
Делгација на меѓународните кредитори се вратила во Атина на разговори со грчката влада, бидејќи договорот за отпис на долгот на Грција мора да биде постигнат пред летото.
Да договорот мора да биде постигнат пред летото, изјавил европскиот комесар за економски прашања Пјер Московски.
Претставниците кои ги претставуваат европските доверители и Меѓународниот монетарен фонд допатувале во Атина за да со грчките власти би разговарале за планот за решавање на прашањата на растечкото ниво на проблематичните кредити и за реорганизација на потонатиот грчки пензиски систем.
Инспекторите на „тројката“ меѓународни кредитори-ЕУ, ЕЦБ и ММФ го следат напредокот на Атина во спроведување на условите барани во рамки на третиот меѓународен пакет помош за Грција.
Итовремено, Московски во Париз изјавил дека брзиот завршеток на преговорите во Атина ќе го „отвори патот“ за договор за отпис на долгот кој, како што оценуваат агенциите, веројатно ќе ги подобри условите за отплата на кредити на Грција, но нема да донесе директно намалување на теретот на долгот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




