18 Декември, 2025
0.0501

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Што поскапе, а што поевтини во мај?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2016 12:12

Добивај вести на Viber

Порастот има на индексот на трошоците на животот од 0.5% во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ова е резултат на повисоките индекси на компирот за 14.7%, свежото и разладеното овошје за 9.1%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 6.6%, другите пекарски производи за 1.4%, конзервираното овошје за 0.6%, брашното и другите житарици и алкохолните пијалаци за 0.5%, замрзнатото овошје, другите прехранбени производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 14.6%, мотоциклите за 6.9%, течните горива за домаќинствата за 5.7%, авионскиот превоз на патници за 2.2%, течните горива и мазива за домаќинствата за 1.8%, обувките за 1.7%, теписите и другите покривки за под за 0.9%, мебелот за домаќинствата за 0.6%, информатичката опрема за 0.5%, облеката, материјалите за одржување  и поправките на станот за 0.3%, услугите за одржување и поправки на станот и поправките на електричните  апарати за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 6.9%,  гасот за домаќинствата за 4.9%, туристичките пакет-аранжмани за 4.7%, средствата за чистење и одржување  на станот за 1.4%, малите електрични апарати за 0.7%, лековите за 0.6%, големите електрични апарати за 0.5%, велосипедите за 0.4%, цврстите горива, алатите и опремата за куќи и градини за 0.3% и средствата за лична хигиена и здравје за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, бележи намалување од 0.7%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.0%.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа