05 Декември, 2025
0.0470

Трубарево, Бунарџик, Јурумлари и Кичево се потенцијални транспортни јазли

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

На територијата на Република Македонија Трубарево, Бунарџик, Јурумлари и Кичево се потенцијални локации кои би можеле да бидат мултимодални транспортни јазли.

Четирите локации се идентификувани во секторската студија за изводливост и идентификација на стратешки мултимодални транспортни јазли и анализата на трошоците и придобивките  од изградбата, изготвени во рамки на  проект од Оперативната програма за регионален развој, финансирана од ЕУ.  Завршувањето на проектот, во вредност од 1,1, милион евра, што се реализираше во изминатите 18 месеци, беше означено денеска со презентација на студијата и анализата.

Студијата  е прв чекор за подготовка на инвестициски проект за изградба на локација со  постројки кои ќе овозможат лесно префлање од еден  во друг начин на транспорт. Концептот  на меѓународен мултимодален транспорт се однесува на транспорт „од врата на врата“ со еден транспортен оператор и се применува во Европската унија.  Во Европа функционираат повеќе од 600 вакви мултимодални транспортни објекти, што ги поврзуваат потрошувачите и производителите на одржлив начин.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на презентацијата истакна дека за локациите Трубарево, Бунарџик, Јурумлари и Кичево консултантот подготви анализа за финансиската исплатливост за натамошна изградба, прелиминарната вредност на чинење на градежните работи и во колкав временски период инвестицијата би била економски и финансиски исплатлива.

Во рамки на проектот е изготвено и софтверско решение за сообраќаен модел за анализа и прогноза на сообраќајот во РМ. Ги опфаќа железничкиот и патниот сообраќај, во национални рамки, меѓународниот и транзитниот сообраќај. Со соодветно ажурурање на податоците во софтверот моделот ќе биде во можност да врши анализа, да дава податоци и прогноза за движењето на собраќајот во Македонија во наредниот период.

Рене Кинтус, тим лидер на проектот, појасни дека во првата фаза се утврдени потенцијални локациии, за кои е логично е да бидат до автопат и железничка станица. Избраните 4 од потенцијалните 12 се  на државно земјиште и за нив не е потребна експропријација.

- Предвидовме дека во 2036 година ќе има транспорт на стоки од милион и 700 илјади тони и оти стоките се повеќе ќе се пакуваат во контејнери и  дека обичниот транспорт ќе опаѓа.  Трубарево, според анализата, е најповолна локација за  мултимодален транспортен јазол  поради железницата. Приватниот сектор треба и мора да учествува во изградбата на овој мултимодале јазол, со приватно јавно партенрство за да може да биде одржлив, наведе Кинтус.

Јурумлари, додаде, исто така  е идеална локација бидејќи е во близина на автопатот, а Бунарџик поради близината  до аеродромот и индустриските развојни зони, што овозможува брз влез и излез на стоки.

Кичево, според Кинтус, е посебен случај бидејќи е град што се наоѓа на завршување на железничката пруга. Има планови за железничко поврзување од Кичево до Албанија,  во должина од 60 километри, но тоа е многу скапа инвестиција. Затоа одлулчивме Кичево да стане привремен мултимодален транспортен јазол, односно со железницата да може да се носи стоката до Кичево, а потоа со камиони да се  носи до Драч. Тука треба да се пресметаат трошоците, но во секој случај Кичево е многу поевтина опција од Скопје, истакна Кинтас.

Според него, мултимодалните транспортни јазли се економски исплатливи  затоа што ќе има помал ангажман на камиони, но и помалку ќе се загадува животната средина поради користењето на железницата. Треба да се има предвид, укажа, и тоа што за еден деловен потфат стапката на поврат на инвестицијата треба да биде 15 проценти. Овој проект не го овозможува тоа  и затоа за да се направи привлечен за приватно јавно партнерство треба 30 проценти од инвестицијата за изградба да биде од страна на државата  и на тој начин би можело да се очекува повратот да изнесува до 10 проценти, наведе Кинтас.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оцени дека е неодпходно итно креирање национална политика и регулаторна рамка за создавање мрежа на мултимодално поврзување. Во овој процес, смета, неопходна е вклученоста на бизнис заедницата од аспект на унапредување на услугите на дејноста сообраќај и за заживување на концептот на приватно-јавно партнерство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите