10 Октомври, 2024
0.0870

ТРУЕЊЕ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ: Сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Буданов заврши во болница

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Случај на труење со тешки метали има во Украина. Сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов, Маријана е во болница под сомнение дека е отруена со тешки метали. Неколку украински медиуми објавија дека Маријана Буданова се разболела, наведувајќи дека нејзиниот сопруг исто така можеби бил мета.

Буданов, кој раководи со Главниот директорат за разузнавање на Украина, имаше главна улога во планирањето, а понекогаш и во спроведувањето на големи воени акции против руските сили.

Весникот „Украинска правда“ објави дека се отруени и неколкумина разузнавачи, без да посочи дали Русија можеби стои зад ова.

Сајтот „Бабел“, кој прв извести за труењето, напиша дека Буданова е префрлена во болница откако подолго време не се чувствувала добро. 

Не е познато какви тешки метали се употребени за труењето, но еден неименуван функционер изјави дека не станува збор за супстанци кои се користат во секојдневниот живот или во воени операции.

Буданова е советник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Официјални лица велат дека спречиле „повеќе од 10“ обиди за атентат врз Буданов за време на неговата кариера. Буданов во август изјави дека неговата сопруга живее со него „во неговата канцеларија“ од безбедносни причини. Откако почна војната во Украина, со атентати беа елиминирани дел од проруските функциониери во окупираните територии. Повеќе напади имаше на Кримскиот мост. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи