15 Јануари, 2025
0.0272

ТРУПААТ ЗЛАТО: Две држави ги зголемуваат резервите

Објавено во: Економија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Две земји трупаат залихи со злато. Се работи за Кина и Турција. 

Народната банка на Кина е најголем купувач на шипки. Оваа држава купи 23 тони злато. Кина постојано ги зголемува своите златни резерви веќе 12 месеци.  Кинезите годинава веќе купиле 204 тони злато, а нивните вкупни златни резерви сега изнесуваат 2.215 тони.

Централната банка на Турција направи значителен откуп во октомври, купувајќи 19 тони за да ги зголеми официјалните резерви на злато (централна банка плус државни средства) на 498 тони.

Народната банка на Полска продолжи да ги зголемува златните резерви, купувајќи нови шест тони. Неjзините залихи на жолтиот метал годинава се зголемија за повеќе од 100 тони, а сега изнесуваат вкупно 340 тони.

Резервната банка на Индија, Чешката национална банка, Националната банка на Република Киргистан и Централната банка на Катар беа други значајни купувачи во октомври.

Централните банки на повеќе држави продолжија да купуваат злато, а само во октомври се набавени повеќе од 42 тони. Податокот стои во извештајот на Светскиот совет за злато. Извештајот е објавен минатата недела и покажува дека во октомври е откупено 41 отсто помалку злато во однос на септември, кога се купени вкупно 72 тони. Сепак, октомврискиот откуп и натаму е за 23 отсто поголем од просекот во првите девет месеци. Цената на златото изминатиов период растеше. Во регионот, Србија има најголеми количини злато, а зад неа е Македонија. 

foto freepik.com/onlyyougj

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата