06 Декември, 2025
0.0361

Trussardi пристигна во 52 Concept Store во Ramstore Mall

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2025 09:52

Добивај вести на Viber

Trussardi – симбол на италијански стил и современ луксуз – пристигна во 52 Concept Store, Ramstore Mall. Новата есен/зима ‘25 колекција нуди парчиња инспирирани од визијата Gentle Society и Gentle Denim.

Основан во 1911 година во Бергамо од страна на Данте Трусарди како занаетчиска работилница за кожни ракавици, брендот брзо стекнува меѓународно признание благодарение на беспрекорниот квалитет, техничката умешност и суптилниот стил. Под водство на Никола Трусарди во 70-тите години, малата работилница прераснува во вистинска Maison – со проширена понуда од чанти, аксесоари и прет-а-порте колекции, а симболот на брендовите останува грејхаундот – знак на елеганција, динамика и доследност.

Во текот на 80-тите и 90-тите, Trussardi станува симбол на италијанскиот lifestyle, со модни ревии во култни локации во Милано, соработки со познати брендови и ширење на својата деним линија Trussardi Jeans.Денес, под капата на Miroglio Group, брендот ја гради својата иднина како инклузивна, свесна и отворена модна куќа што ја негува визијата на Gentle Society – елеганција која зборува преку култура, материјали и човечност.

За жените, линијата на достапни производи од брендот Trussardi ја претставува својата препознатлива страна – кожните аксесоари. Создадени со внимание кон материјалот и линијата на дизајнот тие во целост ја претставуваат елеганцијата на брендот на суптилен, но моќен начин.

Gentle Society & Gentle Denim

Кампањата, снимена од фотографот Квентин де Бриe, ја отсликува новата филозофија на Trussardi: автентичност, непосредност и суптилна елеганција. Кожата и денимот се во фокусот, претставени во современи и софистицирани силуети. Колекцијата Gentle Denim, достапна за мажите пак, ја реинтерпретира класичната ткаенина – од суров и утилитарен материјал во рафиниран симбол на ненаметлива елеганција, со нежна текстура, удобност и префинет изглед.

Trussardi не е само мода – тоа е визија за свет во кој убавината и добрината се дел од секојдневието.

Откријте ја колекцијата есен/зима ‘25 во 52 Concept Store, Ramstore Mall и станете дел од Gentle Society.

ПР Објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј