05 Декември, 2025
0.0350

Цела година туристичка сезона

Објавено во: Балкан 14 Април, 2013 12:02

Добивај вести на Viber

Минатата година Белград го посетиле повеќе од 630 илјади туристи. Тие на располагање имаат 61 хотел,  кои ги има на секој ќош. Престолнината пак во последните години е се попопуларна филмска дестинација. Бројот на туристи во главниот град на Србија расте од пет до десет отсто годишно. Туристичката сезона во Белград трае во текот на целата година. Според директорот на туристичката организација во Белгард Дејан Веселинов оваа посетеност по хотелите и хостелите е доволна, освен кога во градот има две големи манифестации во ист период, па се случува и поголема побарувачка за сместување. Пред неколку години пак во Белград немало ни еден хостел, додека денес се на секое ќоше и престој во нив чини од 10 до 30 евра. -Најмногу гости имаме од април до октомври. Тоа најчесто се туристи од англосаксонско говорно подрачје, но има и многу Полјаци, Французи, Германци, изјавила Јасмина Јефетиќ од хостелот Фер. Најпопуларни сместувања во Белград се приватните апартмани. Во скромните ден чини околу 20 евра по лице, а во најлуксузните 50. "Највише гостију имамо од априла до октобра. То су углавном туристи са англосаксонског говорног подрушја, али има доста и Пољака. Мађара, Француза, Немаца", каже Јасмина Јефтић из хостела "Фер". Овој град прерасна и во филмска сензација во кој светски познатите режисери синимаат сцени за своите филмови. Членовите на филмските екипи во текот на нивниот престој најчесто се сместени во апартмани. -Огласуваме на интернет на сите светски пребарувачи, на сите специјализирани сајтови, бидејки имаме апартмани кои ги исполнуваат сите светски стандарди, изјавила Маја Кисин од агенцијата Кристал код. Приватните апартмани ги категоризира Градското оделение  за економија. Според процениките на еден категоризиран  апартман, доаѓаат два кои се издаваат на црно. За сопствениците на легалните приватни сместувања ова е нелојална конкуренција, а градот и државата секоја година губат многу пари кои се сливаат исклучиво во приватни  џебови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии