Целта на Ципрас на изборите е апсолутно мнозинство
Објавено во: Балкан 31 Август, 2015 13:25
Целта на радикалната левица Сириза на предвремените парламентарни избори на 20 септември е да добие "силен мандат, апсолутно мнозинство", за да може да управува во наредните четири години, вели поранешниот премиер и лидер на партијата Алексис Ципрас во интервју во неделникот "Риалњуз".
Изборите се можност да се излезе од десните две партии Нова демократија - ПАСОК, двете партии кои доминираат на грчката политичка сцена во последните четири децении ... „од витално значење e да не се враќаме назад, а да направиме чекор напред“, истакнува Ципрас во интервјуто.
Со предност од 1 до 3,5 поени, според анкетите, пред главниот противник Нова демократија Сириза има мали шанси да добие апсолутно мнозинство. Таа ќе биде принудена да бара сојузници за да формира коалициска влада, како што направи по победата на 25 јануари. Ципрас сепак исклучува каквa и да била соработка со партиите од стариот политички систем, и вели дека единствено партијата Независни Грци, неговиот партнер во владата во текот на осум месеци, може да ja игра оваа улога.
И покрај ветувањата дека ќе стави крај на суровото штедење во Грција Ципрас потпиша во јули во Брисел договор со доверителите за продолжување.
На прашањето за причините поради кои не побарал прошка од грчкиот народ, Ципрас рекол: Зошто треба да барам прошка? Се борев со сета своја душа да останам верен на мандатот на грчкиот народ, мнозинството не сака излез од еврозоната - оваа закана беше закана од доверителите ЕУ и ММФ, се оправдува тој.
Алексис Ципрас вели дека морал да се соочи со економска војна и дека на крајот не успеал да ја одржи победата против сите чудовишта и да ги поправи сите проблеми на земјата, кои стариот политички систем ги предизвика: корупцијата, затајувањето на даноци, корумпираните политичари .
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




