05 Декември, 2025
0.0318

Цената на енергенсите-мерка за собирање политички поени во Хрватска

Објавено во: Балкан, Економија 12 Октомври, 2012 11:06

Добивај вести на Viber

Хрватската влада вчера го усвои нацрт-законот за регулирање на енергетските дејности со кој на Регулаторната агенција за енергетика и се даваат значително поголеми овластувања за корекција на цените на енергијата. Во надлежност на Агенцијата досега беше донесувањето на методологијата и тарифниот систем, како и усвојувањето или одобрување на цените на енергенсите, тарифни ставки и бенефиции. Во контекст на усогласување на хрватското законодавство со третиот пакет регулативи на енергенсите од страна на ЕУ, Регулаторната агенција ќе добие многу поголема автономија во однос на Владата и другите институции, со што треба да биде заштитена од влијанието на останатите јавни и приватни субјекти врз енергетскиот сектор, истакна министерот за економија Радимир Чачиќ. За премиерот Зоран Милановиќ, ова не е бегање на Владата од одговорноста за трошоците за енергија, но како што вели тој, ако се застане на патот на пазарната економија, тоа на крајот ќе заврши лошо, нешто што почна да се случува во Хрватска. Според него, Владата не може да биде одговорна за движењата на цените на енергијата на светскиот пазар, а ако интервенира премногу, тоа би довело до акумулација на долгови и загуби. „Не постои оправдување кога за цената на греењето, некои се прават наивни, а други плаќаат премногу. Не постои оправдување цената да е повисока во Вуковар, а во Загреб значително пониска поради некакви  политички комбинаторики “, рече Милановиќ додавајќи дека треба да им се помогне на сиромашните кои не можат да ја платат цената, но не и да се дозволат политички манипулации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година