29 Септември, 2024
0.0290

Цената на нафтата ќе расте, ама колку!?

Објавено во: Анализа 17 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата Брент ќе се зголеми до околу 70 долари за барел на среден рок, велат аналитичарите од Capital Economics. Според нив сепак ниво од 100 долари за барел не се очекува наскоро. Се очекува цената на нафтата постепено да се зголемува. Брзото враќање на цената беше поттикната од остриот пад на бројот на нафтени платформи во САД, сметаат аналитичарите од Capital Economics. Тие сепак не очекуваат нагло покачување. "Враќањето на цената на Брент во последните две недели ја поддржува нашата теза дека цената на нафтата постепено ќе се искачи назад до околу 70 долари за барел во среднорочен план, потпомогната на патот од дополнителни податоци за намалување на инвестициите. Сепак не очекуваме цените да се искачат назад до 100 долари наскоро ", велат аналитичарите. "Намалувањето на растот на приносот по светот, но најмногу во САД, е клучната причина да очекуваме цената на Брент да се крева постепено во следните неколку години", дополнуваат тие. За време на седницата во понеделникот акциите на Брент се зголемија во цена со 0,18% до 61,63 долари за барел до 13:00 часот, а акциите на американската нафта поевтинуваат со 0,34% до 52,60 долари за барел. Објавените во петокот податоци на Baker Hughes за платформите за нафта и гас во САД покажаа дека тие се намалиле за 98. Така вкупниот број достигна 1 358 за минатата недела, што е најниско од август 2011 година. Се очекува дополнително намалување на бројот на американските платформи, како и дополнителни известувања за намалување на инвестициите од најголемите нафтени компании во наредните месеци, велат аналитичарите. Сепак високите цени на акциите и потенцијалот на американските компании за шкрилци да го продолжат брзо приносот би требало да ги запрат цените од растење, наведуваат од Capital Economics. За неделава до 6 февруари американските резерви се зголемија за 4,87 милиони. Барели до новото рекордно ниво од 417,93 милиони барели, изјави Администрацијата за енергетска информации. Новите податоци ќе бидат објавени во четврток 19 февруари. К.К.