19 Декември, 2025
0.0558

Цената на рекламите за време на наградите “Оскар” достигна историски максимум

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 08:06

Добивај вести на Viber

1,95 милиони долари за 30 секунди достигна цената на телевизиските реклами, кои беа емитувани за време на прогласување на носителите на наградите "Оскар", соопшти претставник на компанијата Еј Би Си. "Ова е за 8 проценти повеќе отколку минатата година", пишуваат агенциите. Предметните 1,95 милиони долари за 30 секунди реклама време, сепак се далеку од 4,5-те милиони долари кои се плаќаат за реклами за Супер Боул. Експертите забележуваат дека рекламите се оценуваат многу високо за време на директните емисии, бидејќи во такви случаи телевизиските гледачи ретко ги тргаат очите од телевизискиот екран додека траат емитувањата. Според пресметките на специјалисти, телевизискиот канал Еј Би Си ќе добие повеќе од 100 милиони долари од рекламите, кои ќе се вртат за време на 3-часовното шоу. Церемонијата на доделување на наградите "Оскар“ минатата година била гледана од 45 милиони Американци. Се очекува оваа година нивниот број да има 2 милиони повеќе. Телевизиската компанија Еј Би Си го поседува ексклузивното право да го зрачи доделувањето ба наградите на територијата на САД. Правото оскаровката вечер да се пренесува во странство до 2020 година го поседува компанијата "Реџина Виста интернешнал", кој, како и Еј Би Си, влегува во составот на медиумската група "Волт Дизни". Сите актери и режисери кои не добија "Оскар" во главните категории, ќе се утешат со подарок кошница. Во секоја од нив ќе има по 80 изненадувања. Вкупната вредност на содржината на една кошница е 167 000 долари. Меѓу подароците има скапи вина, накит, луксузни одмори / на пример во Тоскана /. Во кошничката ќе биде ставен и ваучер, претплата од компанијата Enigma Life, која составува хороскопи, ги учи луѓето како да читаат мисли и да анализираат соништа. Тој чини 20 000 долари. Најмногу зачинети подароци сепак, очигледно предизвикани од филмот "Педесет нијанси сива", се збир на секс играчки. Меѓу нив се ласерски вибратор за 250 долари, инјекција за оргазам за 5000 долари, како и повеќето раскошни кондоми во светот - Naked Luxury по цена 56 долари за 12 единици. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела