Цената на златото ќе достигне 1.500 долари?
Објавено во: Економија 19 Јули, 2016 12:31
Цената на златото може да скокне над 1500 долари за унца поради ниските каматни стапки, кои се одразуваат на побарувачката, и претстојните претседателски избори во САД, пишува Bloomberg.
Последен пат цената на златото беше над границата од 1.500 долари за унца во април 2013 година. Овој месец цената на златото го достигна највисокото ниво од март 2014 година, и се искачи до 1375 долари. Златото поскапе за речиси 25% во првото полугодие.
Минатата недела американската банка Merrill Lynch предвиде дека поради изборите во САД цената на златото мое да се искачи до 1500 долари во следните 12 месеци.
Во почетокот на месецот и инвестициската банка UBS ја зголеми прогнозата за цената на благородни метали во следните три години. Покрај тоа UBS ја зголеми прогнозата за цената во 2017 година, 2018 година и 2019 година до 1400 долари, 1450 долари и 1475 долари. Според нејзините експерти трендот на поскапување на пазарот на злато можеби дури сега започнува.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




