Цените на индустриските производители на домашниот пазар пониски за 0,1 процент
Објавено во: Економија 13 Март, 2013 14:56
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари се пониски за 0,1 процент на месечно ниво, а на годишно се повисоки за 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во февруари во споредба со јануари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти и во групата капитални производи за 0,1 процент.
Во февруари годинава во однос на тој месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти, енергија за 4,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




