Цените на нафтата мируваат, се чека одлука на ОПЕК
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2016 12:07
Цените на нафтата мируваа во тргувањето во Азија бидејќи инвеститорите го чекаат исходот од денешниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК во Виена.
Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во јуни паднала за 11 центи на 48,90 долари за барел, додека сировата северноморска нафта „брент“ договорана за августовските испораки поскапела за пет центи на 49,77 долари, пренесува Франс прес.
Малку луѓе очекуваат дека на состанокот на ОПЕК ќе биде постигнат договор за ограничување на производството, бидејќи Иран веќе стави до знаење дека не сака да учествува во било каков договор.
Иранскиот министер за нафта Биджан Занганех ги отфрли вчерашните медиумски шпекулации дека ОПЕК во главниот австриски град ќе постигнат согласност за лимитирање на производството на ниво на групата, велејќи дека неговата земја го поддржува враќањето на националниот систем на квоти.
„Една од нашите главни идеи е да имаме национални квоти, но мислам дека нема да постигнеме договор по тоа прашање на овој состанок“, рекол иранскиот министер по доаѓањето во Виена.
Аналитичар за нафта и гас во компанијата „БМИ Рисерч“, Питер Ли вели дека цените не се поместувале драстично поради вниманието на трговците.
Според неговото мислење иранското противење на било каков обид да се ограничи производството како би се поддржале слабите цени на нафта не ги изненадува трговците.
„Иран е цврст во своите акции, така што пазарот тоа воглавно веќе го пресмета во актуелните цени“, додал Ли.
Иран избегна неуспешна средба на состанокот во Доха на 4 април, помеѓу членките на ОПЕК и други големи произведувачи на нафта, вклучувајќи ја и Русија на која не е постигнат никаков договор за координирано замрзнување на производството.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




