29 Септември, 2024
0.2000

Цените на недвижностите во Грција продолжуваат да се намалуваат

Објавено во: Анализа 17 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Цените на недвижностите во Грција продолжуваат да се намалуваат, но падот значително е со забавено темпо во споредба со 2012 и 2013 година, соопштува интернет изданието globalpropertyguide.com.

Во последниот квартал од минатата година цените на становите во Атина се намалиле за 6,65% (4,9% со известување на инфлацијата) на годишна основа, покажуваат најновите податоци на Централната банка на Грција. Во однос на претходниот квартал падот достигна 1,46% (0,78% во реални услови).

Во Солун - вториот најголем град во земјата, цените на куќите паднаа за речиси 6,9% (5,15% во реални услови) на годишна основа за периодот октомври - декември 2014 година во однос на истиот период минатата година. Во однос на претходниот квартал падот достигна 0,33%, но во покривањето на инфлацијата всушност се забележа раст од 0,35%.

Во останатите градови на земјата просечниот пад на цените на куќите достигна 5,86% (4,1% во реални услови) на годишна основа и 1,94% (1,26%) во однос на претходниот квартал.

Во обид да го оживее станбениот пазар грчката влада ја усвои шемата позната како „златна виза“ - издавање на дозвола за престој на инвеститори во имот над 250 илјади евра, кои доаѓаат од држави надвор од Европската унија (ЕУ). Шемата се предвидува да дејствува во текот на пет години, иако може да биде продолжена во дискреција на властите.

На крајот на минатата година грчкото Министерство за финансии одлучи да ја одложи и примената на данокот на добивка од продажба на имот во земјата. Данокот требаше да стапи во сила минатата година, но беше одложен за 31 декември 2016 година.

Пазарот на недвижности во Грција доживеа вистински бум по Олимписките игри во 2004 година, кога се зајакна побарувачката на имоти за одмор, особено на Крит. Цените на недвижностите во близина на морето бележат раст од 30-40% на годишно ниво.

Со кризата од 2008-2009 година, сепак започна и пресврт на пазарот на недвижности на нашиот јужен сосед. Најострите падови на цените беа измерени во 2012 и 2013 година - околу 13 отсто годишно. Должничката криза дополнително ја влошува ситуацијата - поради буџетските кратења, растот на даноците и високата невработеност пазарот умира.

Од 2001 до 2007 година хипотекарниот пазар во земјата растел со исклучително брзо темпо од редот на 30% годишно, за да достигне од 10,7% од БДП во 2001 година до 31,1% од БДП во 2007 година Кредитната криза го забави експанзијата до 4% во 2009 година

Во јануари 2015 година околу 120 илјади сопственици на куќи не биле во состојба да исплаќаат хипотеки. Тие најверојатно наскоро ќе се соочат со постапка за затварање на живеалиштето и одземање во корист на банката.

Истовремено хипотекарните стапки во Грција паѓаат од средината на 2011 година. Градежната активност сепак е исклучително слаба. Врвот и беше регистриран во 2005 година, веднаш по Олимпијадата, кога беа завршени 200 илјади нови станови.