20 Декември, 2025
0.0423

Ципарс: Грција мора брзо да го примени спасувачкиот план

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 13:50

Добивај вести на Viber

Грција треба да ги „спроведе брзо" условите во спасувачкиот договор со ЕУ, кој беше договорен во јули. Тоа неодамна го изјавил реизбраниот грчки премиер Алексис Ципрас.

„Ние сме соочени со обврската брзо да го примениме она што е договорено“, изјавил тој за време на состанокот на кабинетот.

Во последните денови од претходната влада на Ципрас, пред да поднесе оставка во август, земјата го усвои третиот пакет финансиска помош од своите меѓународни кредитори, која сепак ќе и биде доделена во замена за зголемувања на даноците и големи ограничувања.

Пред да се согласи на предлогот на доверителите сепак владата на Ципрас ги отфрли предлозите и дури одржа референдум на кој мнозинството гласачи ја поддржаа владата во неподготвеноста да ја прифати спасувачка програма од доверителите.

Остриот свиок на Ципрас сепак предизвика поделеност на владејачката левичарска партија „СИРИЗА“ и го принуди премиерот да поднесе оставка. Тој, сепак успеа да освои доволно гласови и на предвремените избори, ветувајќи во новиот мандат дека ќе се бори за олеснување на условите за спасувачката програма.

„Свесни сме за тешкотиите од договорот ... Знаеме како да го пронајдеме вистинскиот противотров кога има несакани ефекти“, изјавил Ципрас на средбата на кабинетот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација