18 Декември, 2025
0.0595

Ципрас: Ако Грција ја напушти, ќе дојде крај на еврозоната

Објавено во: Балкан, Економија 09 Јуни, 2015 10:56

Добивај вести на Viber

Грција може да постигне договор со меѓународните кредитори, ако тие се откажат од неколку свои сегашни реформи, вклучувајќи го и кратењето на пензиите, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас во денешно интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Одразувајќи повеќе попустлив тон на Атина во последните денови, Ципрас истакнал дека двете раскарани страни можат да најдат компромис за основните елементи на секој еден договор, вклучувајќи и по прашањето за големината на примарниот буџетски суфицит. Но, во исто време тој не даде никакви знаци на повлекување за барањата на кредиторите за намалување на пензиите или на други социјални трошоци.

„Мислам дека сме многу блиску до договор за примарниот суфицит на земјата во следните неколку години. Само треба да имаме позитивен став во однос на алтернативните предлози за намалувањето на пензиите или на наметнување на нови рецесионни мерки“, изјавил Ципрас за италијанското издание.

Коментарите на грчкиот премиер се факт во момент кога меѓународните партнери на Грција, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на ЕЦБ ги предупредија дека времето за постигнување договор истекува многу брзо.

Ципрас ќе се сретне со Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд во среда, за да се обиде да направи пробив во најтешките преговори кои ги засилуваат стравувањата дека Грција може да биде принудена да ја напушти еврозоната и тоа може да има непредвидливи последици за единствената валута и во поширокиот план - за целата светска економија.

Ние не можеме да продолжиме со спроведувањето на програма која очигледно не успеа, истакнал Ципрас.

Ќор-сокак во преговорите, кој траеше со месеци, доведе до зголемување на шпекулациите дека европските партнери на Грција можат да покажат тенденција на едно принудно излегување на земјата од еврото и од еврозоната, повикувајќи се на серијата „firewalls“ и механизми, изградени во последните години чија цел е ограничување на т.н. „Заразен ефект“ од едно такво решение.

Ципрас, меѓутоа, изјавил дека е уверен дека меѓународните кредитори ќе се откажат од слични намери за „евентуално сценарио „Grexit“ ќе биде почетокот на крајот на еврозоната. Ако Грција успее, финансиските пазари веднаш ќе почнат да ја бараат следната жртва. Ако преговорите пропаднат, трошоците за европските даночни обврзници ќе бидат огромни“, предупредил тој.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата