19 Декември, 2025
0.0840

Ципрас: Европа веќе не е економскиот центар на планетата

Објавено во: Балкан, Економија 19 Јуни, 2015 19:05

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека економскиот центар на планетата веќе не е Европа. Евроазискaта унија стана новиот извор на економска сила и регионална интеграција.

„Ние во Европа живеевме во текот на подолго време во илузија, кое се смета себеси за центарот на земјата, центарот на светот и понатаму се потпира главно на најблиското и непосредно опкружување. Но, економскиот центар, мислам дека веќе се пресели, си отиде од тоа место.

Старт-ап силите играат се поголема и важна улога на економските и геополитичките нивоа“, изјавил во својот говор Алексис Ципрас пред Меѓународниот економски форум, кој се одржува во Санкт Петербург.

Според него меѓународните односи добиваат се повеќе мултиполарен карактер. Улогата на групата G8, регионалната соработка во Азија и G20, а исто така и зајакнувањето на соработката во рамките на БРИКС се сведоштво за обновувањето на економскиот свет. Уверен во зборовите, Алексис Ципрас, изјавил дека проблемите на Грција се проблеми на цела Европа.

Евроазиската унија е нов субјект на регионалната интеграција и има потенцијал да стане нов извор за производство на богатство, блага и нова економска сила, додал уште Алексис Ципрас.

Во својот говор Ципрас коментирал за санкциите против Русија, наметнати од западниот свет, како „маѓепсан круг“, од кој треба да се вложат напори за да се излезе. Кризата во Украина отвори нова рана во срцето на Европа, рана на нестабилност, изјавил грчкиот премиер.

„Маѓепсаниот круг на западните санкции треба да биде прекинат што е можно поскоро“, изјавил Ципрас, и објаснувал дека она што се случува во Украина е лош знак за меѓународните односи, бидејќи наместо процут и економски соработка во регионот започнале процеси кои водат до војна , милитаризација и воведување на санкции.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен