Ципрас ги освои изборите. А сега каде?
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2015 19:45
Ципрас ги освои изборите. „СИРИЗА“ повторно е прва политичка партија. Грција е предводена од екстремната левица, која пак е поддржана од десничарите.
Не, тоа не е повторување на вестите од јануари. Тогаш исто така имаше избори и резултатите беа речиси исти. Сите знаеме што се случи - oбеќавања, изнуда, потпишување на договор, протести, немири и на крајот оставка.
Партијата на Алексис Ципрас ја освои по втор пат власта, откако во јануари дојде на власт, а во почетокот на јули на референдум, предизвикан од неа самата, Грците ја отфрлија спасувачката програма на доверителите на земјата (месец подоцна Ципрас беше принуден да прифати уште построги мерки поради опасноста земјата да биде отстранета од еврозоната).
По конститурањето на предвремените избори во Грција во август меѓународните кредитори се надеваа дека ќе победи партија која ќе продолжи со непријатната работа по примената на условите за спасувачката програма. Проблемот е дека лидерот на „СИРИЗА“, Алексис Ципрас сеуште не ги прифаќа целосно реформите.
Ципрас вети дека ќе ги зголеми даноците, да ги скрати јавните трошоци и да направи реформи на пазарот на трудот, за кои инсистираат доверителите според условите од спасувачката програма. Но од „СИРИЗА“ тврдат дека сеуште партијата располага со доволно флексибилност, за да спроведе мерки за амортизирање на ефектите од штедењето за најранливите Грци. Доверителите сепак се категорични дека ако Атина им ги олесни условите во една област, таа треба да ги заостри како компензација во друга.
Лидерот на „СИРИЗА“ потврдил дека изборната победа му дава јасен мандат за четиригодишно управување, што е реткост за земја, која помина низ пет парламентарни гласања за шест години.
Секој победник на избори добива честитки од Брисел. Во задолжителната телеграма по овој повод обично се зборува за претстојните предизвици и се упатуваат желби за конструктивна работа.
Шефот на Европскиот комитет, Мартин Шулц сепак овој пат достигна со прст во раната - тој ја критикуваше одлуката на Ципрас да се спои повторно со националистите. Шулц разбирал доволно зошто Ципрас го прави тоа - за да има во Атина еден сојузник кој нема да му се меша, да му поставуваат незгодни прашања или да го засенува. Ако Ципрас беше во управувањето на социјалдемократите или либералната партија, во менаџерскиот тим најверојатно сакаа да влезат и неколку експерти со искуство во управувањето или такви кои разбираат нешто од економија. Шефот на „СИРИЗА“ сепак изгледа не го сака тоа, иако на неговата партија очајно им се потребни токму од такви луѓе. Очигледно тој сака да е единствен лидер во извршната власт, што не е добар знак за иднината на земјата.
А можеби и Грците го сакаат токму тоа - на секој чекор да бидат послушници на својот премиер. Во предизборната кампања тој повторно им вети сè на овој свет, вклучувајќи олабавување на строгите мерки во спасувачката програма и дека ќе ги подобри условите во неа. Тоа е чиста глупост, затоа што доверителите можат да помислат за некакви отстапки само кога ќе видат дека Ципрас започнал да спроведува реформите.
Сега тој има четири недели време, за да им помогне на неопходните закони за спроведување на болните мерки. Реформата на пензискиот систем и на државната администрација, како и приватизацијата на енергоснабувачките друштва и пристаништата се само дел од долгата листа со итни задачи. И овој пат сосема нема да се доволно барањата да бидат исполнети само формално.
Ципрас има потреба од луѓе кои реално ќе ги извршат реформите. Како сепак може да се справи со оваа задача еден човек кој не престанува да ги уверува сонародниците дека спасувачката програма била уцена и подлост? Може ли таков човек така да се промени, да започне да се однесува одговорно и да ја земе во раце судбината на својата земја?
Ципрас се чувствува најдобро во улогата на народните трибини и е херој кој знае како да се одмаздува за задниците - еден вид мешавина помеѓу Робин Худ и Д'Артањан од „Тројцата мускетари“. При тоа ако во наредните години не се појави некој друг, тој да биде нешто повеќе од главен продавач на горчливи лекови: Ципрас треба да им разјасни на Грците дека пропишаниот лек е непријатен, но ќе си го спасат животот. Кажано поинаку без реформи нема економски раст.
Во меѓувреме сепак патот стана уште повеќе нерамен, за што вина носи лично премиерот Ципрас. Дали и кога ќе се случи ... само времето ќе покаже.
Обработка од Ројтерс : В.С.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




