18 Декември, 2025
0.3519

Ципрас: Грција е подготвена трпеливо да ги чека кредиторите да станат реални

Објавено во: Балкан, Економија 15 Јуни, 2015 10:30

Добивај вести на Viber

Атина е подготвена трпеливо да ги чека кредиторите да станат реални во своите барања кон земјата со која преговараат по листата со реформи во замена за витално финансирање, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, цитиран од агенциите.

Во статија во весникот „Ефимерида тон синтактон“ Ципрас пишува: „Ќе чекаме трпеливо додека институциите се вратат кон реализмот“.

Според него само „политичкиот опортунизам“ ќе ги натера да сакаат ново намалување на пензиите - едно од спорните прашања во преговорите, кои синоќа беа прекинати без резултат.

Преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори - ЕУ и ММФ, изгледаат поблиску од кога било до точка на прекин. Во неделата се случи уште еден неуспех на круг од преговорите за продолжување на финансирањето на земјата, која незапирливо се приближува до банкрот.

Грчкиот министер за финансии, изјавил во интервјуто објавено во понеделникот од германскиот весник „Билд“ (Bild) дека договор за долгот на Грција се уште е можен.

Средбите ќе бидат обновени во четврток во рамките на Eврогрупата. Собирањето на министрите за финансии од земјите прифатиле заедничката евровалута, ќе биде и генералната директорка на ММФ Кристин Лагард.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата