07 Октомври, 2024
0.0242

Ципрас: Грција се наоѓа во сложена ситуација и има потреба од помош

Објавено во: Балкан, Економија 16 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Економијата на Грција се наоѓа во сложена ситуација и има потреба од помош. Тоа го изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќање кон парламентарната група на владејачката партија СИРИЗА, пренесоа агенциите. Од излезот на преговорите со меѓународните кредитори зависи иднината не само на Грција, туку и на цела Европа. Ако ЕУ сака да најде излез од настанатата ситуација, треба да се слушнете во нашите предлози. Ние ќе продолжиме да бараме решение, но само такво, какво ќе биде oд корист на нашата земја и на нашиот народ, изјави Ципрас. Ципрас посочи денес уште дека неговота левa влада го отфрлила барањето од доверителите за наметнување на нови мерки за штедење во вредност од 1,8 милијарди евра. Грчкиот премиер изјави дека доверителите се обидуваат да ја "понижат" неговата влада и дека инсистирањето за дополнителни заштеди е политички мотивирано. Ципрас истакна дека сака договор, кој ќе стави крај на бајките за напуштање од Грција на еврозоната, но истакна дека владата била избрана на власт, за да се стави крај на штедењето, пренесоа агенциите. Мандатот, кој го добивме од грчкиот народ, е да ја прекинеме политиката на штедење", изјави тој пред пратениците од неговата левичарска партија СИРИЗА. "За да се постигне ова, треба да побараме договор кој ќе го одвои товарот рамномерно и што нема да влијае на вработените и пензионерите", рече уште Ципрас. Тој прецизира дека Атина се стреми да се договори со меѓународните кредитори за решавање на проблемите поврзани со финансирањето, и ќе биде нанесена најмала штета за населението на земјата. "Главната задача во создадената ситуација е да биде нанесена најмала можна штета на населението на Грција. Изложени сме како на притисокот од  доверителите, така и од  притисокот на народот и се обидуваме да ги поправиме грешките на претходната влада", рече Ципрас. "Бараме патишта за решавање на проблемите поврзани со невработеноста, како повторно вработување на луѓе кои биле отпуштени, вклучувајќи во националната телевизија", додаде грчкиот премиер. Изјавата на Ципрас изгледа дека го продлабочува ќор-сокакот меѓу Атина и нејзините кредитори, наведува Ројтерс. Грчкиот премиер изјави дека Европската централна банка инсистира на финансиско "задушување" на Грција и ги обвини ЕЦБ и ЕУ дека одбиваат да понудат отпишување на долгот.  

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути