29 Септември, 2024
0.0247

Ципрас и Варуфакис, капитулација која е прашање на време?

Објавено во: Анализа 23 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Грција повторно ја чувствува финансиската јамка околу вратот. Преку обезбедувањето на учество во резервната сметка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) земјата успеа да го отплати точно навреме долгот од 750 милиони евра - по иронија на судбината на самата ММФ. Овој авантуризам не е случаен избор, пишува во својата анализа за Project Syndicate Анатоли Калецки, главен економист во Gacekal Dragonomics - компанија за управување со акции со седиште во Хонг Конг. Откако дојде на власт во јануари, грчката влада под раководството на партијата СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас сфати дека заканата од банкрот - и по овој начин за финансиска криза, која може да го уништи еврото, ја зајакнува позицијата за преговори на Грција и го компензира недостатокот на економска и политичка власт на земјата. Месеци подоцна изгледа, дека Ципрас и неговиот министер за финансии Јанис Варуфакис, експерт во теоријата на игрите, сеуште веруваат во оваа теорија покрај недостатокот на докази за веродостојноста. Но сметката им се базира на погрешна претпоставка. Ципрас и Варуфакис веруваат дека еден државен банкрот ќе ја принуди Европа да избира меѓу две алтернативи: исклучувањето на Грција од еврозоната или безусловно откажување на долгот на земјата. Но европските власти имаат и трета опција. Наместо да се наметне Grexit (излегување на Грција од еврозоната), ЕУ би можела да ја изолира Грција во рамките на еврозоната и да престане да и дава пари на земјата. Потоа Брисел може едноставно да седи удобно и да набљудува како политичката поддршка за владата на Ципрас паѓа. Една слична стратегија, да се чека Грција да заврши со парите, се чини во моментов е најмногу ветувачка тактика за ЕУ за пробив на грчкиот отпор. И веројатно ќе функционираше, бидејќи грчката влада доживува сé повеќе тешкотии при собирањето на пари во крајот на секој месец за плаќање на платите и пензиите. При тоа Варуфакис прибегнува кон сè повеќе очајни мерки, како "грабежи" на банкарските сметки на општините и болниците. Очигледно е, дека даночните приходи се толку силно погодени од економскиот хаос по изборите во јануари, што приносите во буџетот веќе не се доволни за покривање на секојдневните трошоци. Ако ова е точно, што не може да се потврди поради недостаток на сигурност на грчката фискална статистика, тогаш стратегијата на грчката влада е осудена на неуспех. Стратегијата на Ципрас и Варуфакис претпоставува дека заканата на Грција со национален банкрот е сигурен. Ова значи дека во случај на сериозна криза сепак ќе се најде доволно пари за да се плаќаат плати, пензии и јавните услуги. Во јануари оваа хипотеза сеуште беше веродостојна. Владата тогаш планира висок примарен суфицит (со исклучок на камати) од 4% од БДП. Ако Грција банкротираше во јануари, овој примарен суфицит (во теорија) би можел да се користи наместо камати за финансирање на повисоки плати, пензии и јавните расходи кои СИРИЗА ги вети за време на предизборната кампања. Имајки ја предвид оваа можност Варуфакис можеби верувал дека неговиот предлог да не се намалува примарниот суфицит од 4% до нула, а само до 1% од БДП, е великодушна понуда кон другите финансиски министри на ЕУ. Ако ЕУ одбива да го дозволи тоа, имплицитно му праќа закана да ги запре плаќањата на камата и да го користи целиот примарен суфицит за дополнителни јавни трошоци. Но што се случува, ако овој примарен суфицит, причината на конфронтирачката стратегија за преговори на грчката влада, сега е целосно исчезнат? Во овој случај заканата со национален банкрот веќе не е сигурен. A еден банкрот не би можел да помогне на Сириза да ги исполни своите предизборни ветувања. Тогаш ќе има уште поголеми намалувања на платите, пензиите и јавната потрошувачка од оние кои во моментов ги бара "тројката" кредитори - Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. За ЕУ сепак еден грчки банкрот ќе претставува многу помал проблем отколку што се мислеше. Тој веќе нема да се заканува на земјата, дека во овој случај треба да ја напушти еврозоната. Наместо тоа сега ЕУ може да биде сигурна дека со неможноста да плаќа плати, пензии и банкарски гаранции грчката влада ќе ги казни своите граѓани. Ципрас и Варуфакис можеби знаат што може да се случи, откако пред две години Кипар се обиде во екот на банкарската криза да го натури носот на ЕУ. Тогашното искуство на Кипар покажува дека по неуспехот на заканата од банкрот ЕУ може да ја принуди Грција да остане во еврозоната, но може да наметне производство по стечај, слично на она на американски град, како Детроит. Правните и политичките основи за таков пристап се јасни. Европските договори јасно посочуваат, дека членството во еврозоната е неповратно, освен ако една земја не ја напушти не само зоната на единствената валута, туку директно и ЕУ како целина. Тоа е политичкото послание, кое владите на ЕУ сакаат да го предадат на своите сопствени граѓани и на финансиските инвеститори. Ако Грција банкротира, ЕУ би имала правни и политички мотиви да инсистира, дека еврото треба да остане единственото законско платежно средство во земјата. Дури и ако грчката влада треба да ги плаќа платите и пензиите со свои пари или "нови драхми", Европскиот суд ќе одлучи дека јавниот долг и банкарските депозити треба да бидат исплатени во евра. Тоа од своја страна ќе има за последица банкрот на грчките граѓани и странски инвеститори, бидејќи владата веќе нема да биде во состојба да ја отплати вредноста на еврото за осигурените грчки банкарски депозити. Значи еден грчки банкрот при зачувување на Грција во еврозоната нема да доведе до тоа Сириза да ги исполни своите предизборни ветувања, а уште повеќе штедење за грчките гласачи отколку во рамките на програмата на "тројката". И во овој момент падот на владата ќе биде неизбежен. И не дека Грција ќе ја напушти еврозоната, туку Сириза ќе ја напушти грчката влада. Во моментот, во кој Ципрас ќе осознае дека правилата на играта меѓу Грција и Европа се сменија, неговата капитулација ќе биде само прашање на време. К.К.