Ципрас ќе ја признае независноста на Косово
Објавено во: Балкан 13 Август, 2015 12:02
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го признае Косово.
Ова го објавуваат денес српски медиуми според кои, властите во Атина и лично Ципрас „биле подложени на суров притисок од страна на западните држави“.
„За да добијат финансирање и средства Големите сили го поставуваат како услов на грчката влада и на премиерот Алексис Ципрас признавањето на независноста на Косово“, стои во написите и прецизираат дека самиот Ципрас бил бесен на српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер во кабинетот на Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ.
Пред некое време Дачиќ го критикуваше однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи. Ципрас „бил лут и на самиот Вучиќ, кој ја критикувал економската програма на грчката Влада“.
Потсетуваме дека Косово прогласи независност во февруари 2008 година. До денес над 100 земји, вклучително и Македонија ја признаа независноста на поранешната српска покраина.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




