Ципрас: Може да има избори поради бунтот во Сириза
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2015 20:05
Лично не сакам да се дојде до предвремени парламентарни избори, но поради бунтовниците во мојата партија „Сириза“ може да бидам приморан да превземам таков чекор. Тоа, го изјавил грчкиот премиер и лидер на владејачката партија „Сириза“, Алексис Ципрас за партиското радио „Сто Кокино“ во Атина.
Ако го изгубам парламентарното мнозинство ќе бидам принуден да закажам предвремени избори, додал уште Ципрас и појаснил дека во текот на месец септември има намера да свика вонреден конгрес на Сириза. Партискиот форум ќе биде свикан по конечниот договор со кредиторите за да може членството да земе заклучок по ова прашање. Во моментов кабинетот на Ципрас преговара за добивање на 85 милијарди евра, кои се дел од третиот пакет за спас на меѓународните кредитори.
Тој признал дека владее во многу тешка и болна атмосфера, но во текот на преговорите ги бранел интересите на народот. „На грчкиот народ не сме му ветувале дека ќе малку ... Немав друг избор освен да свикам референдум што беше ризично решение само по себе, бидејќи грчките партнери стигнаа до крајностите и грчките банки ги затворија своите врати“, изјавил Ципрас.
Според него, „меѓународните кредитори барале од Атина да ја исполни тригодишната програма во рамките на пет месеци“, но јасното „Не“ на грчкиот народ го разоткри „грубото лице“ на кредиторите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




