Ципрас направи реконструкција во владата, ги смени бунтовничките министри
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2015 20:38
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот ги отстрани бунтовнички настроени министри од владата, кои гласаа против реформите барани од меѓународните кредитори во замена за спасувачкиот договор.
Ципрас успеа со едно гласање во парламентот да обезбеди поддршка на договорот со доверителите и да ja подели СИРИЗА на два табора. Формално парламентарната група е цела, бидејќи пратениците koi гласале со "не", одбиваат да гo напуштат парламентот, а и премиерот не прибегнa кон нивното исклучување.
Министерот за труд, Панос Скурлетис ќе го замени министерот за енергетика да замени Панајотис Лафазанис, кој е еден од најголемите бунтовници во СИРИЗА и заедно со уште околу 30 пратеници од владејачката партија гласаа против предлог-законот за реформи, со усвојувањето на коe стана можно отпочнување на преговори со меѓународните кредитори.
Трифун Александрис станува заменик-министер за финансии и ќе го замени Надја Валаам кој поднел оставка од функцијата , а министерот за финансии Евклид Цакалотос останува на функцијата, откако на 6 јули го замени Варуфакис и ужива доверба од Еврогрупата. Во медиумите денес активно се коментира дека активисти на СИРИЗА одбиваат да заземаат министерски места во оние сектори каде се очекува силно општествено незадоволство кај спроведување на реформите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




