20 Декември, 2025
0.1423

Ципрас навести коалиција со ПАСОК

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2015 20:23

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас не ја исклучи можноста за коалиција со своите противници „ПАСОК“, ако неговата партија „СИРИЗА“ не освои мнозинство на претстојните избори во земјата овој месец.

Ципрас, кој минатиот месец поднесе оставка и најави предвремени избори, досега ја отфрлаше можноста за соработка со социјалистите од „ПАСОК“, или конзервативците од „Нова демократија“.

Сепак во своето интервју за телевизискиот канал „Контра“ тој навестил дека „СИРИЗА“ би можела да работи со „ПАСОК“, ако лидерот на партијата Фофи Генимата „се разликува од десното крило“.

„ПАСОК“ и „Нова демократија“ во минатото владееле заедно во коалицијата.

Популарноста на „ПАСОК“ се распадна во текот на последните години, а очекувањата на социолозите се дека партијата ќе добие до 5% на изборите во септември. Сепак нејзината лидерка Генимата се надева да ги зголеми шансите за да гласовите се обединат со помалата левичарска партија „Димар“.

„СИРИЗА“ дојде на власт во почетокот на јануари, но премиерот беше принуден да поднесе оставка, откако голем дел од пратениците не го поддржаа при усвојувањето на условите за новиот спасувачки план за земјата, и во таква ситуација тој мораше да се потпре на опозицијата.

Според анкетите „СИРИЗА“ има мали шанси да освои апсолутно мнозинство на гласови на 20 септември.

Според анкетата од вторникот за грчката телевизија „Мега“ „СИРИЗА“ има само 0,5% предност пред конзервативците. Според друго истражување „Нова демократија“ дури се префрлила од првото место на партијата на Ципрас, кога првата добива 25,3%, а втората - 25%.

Ципрас до сега се потпираше на поддршка од националистичката партија „Независни Грци“, со која управува во коалиција во последните осум месеци.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација