Ципрас не бил свесен за плаќањето кон ММФ
Објавено во: Балкан, Економија 18 Мај, 2015 11:16
Ризичната игра за избегнување на грчкиот банкрот изгледа е откриена, откако стана познато дека Алексис Ципрас им соопштил на кредиторите дека земјата може и да нема можност да ги исполни своите обврски кон Меѓународниот монетарен фонд, пишува „Daily Telegraph“.
Грција за малку ги избегна кривичните санкции на ММФ, откако го испразни својот резервен фонд, за да го отплати долгот на меѓународниот кредитор во вредност од 750 милиони евра.
Во меѓувреме стана јасно дека грчкиот премиер не бил свесен колкави точно се паричните резерви само неколку дена пред земјата кога мораше да го отплати долгот.
Според информации на грчкиот весник „Kathimerini“ Ципрас им пишувал на шефот на ММФ Кристин Лагард, претседателот на Европската централна банка Марио Драги и на европскиот комесар Жан Клод-Јункер дека неговата влада ќе објави банкрот, без да ги користи резервните фондови, неколку дена пред крајниот рок за плаќање.
Грчкиот премиер исто така побарал од Европската централна банка да дозволи неговата влада да издаде краток државен долг и побарал враќање на 1,9 милијарди евра профит на банката од грчките обврзници.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




